Македонците се познати како големи љубители на кафето.но, ние не сме единствени. Њујорчаните се предозираат со него, а ако пиете кафе со намера да се отрезните, залудно го правите тоа…Еве што велат фактите:
1. Залудно пиете кафе кога сте пијани. Кафето нема да ви помогне да се отрезните. Кофеинот едноставно го нема тоа својство.
2. Ако и’ се верува на легендата, некој етиописки сточар го открил кафето и тоа сосем случајно, откако забележал дека неговите кози збудалуваат кога јадат од зрната на растението од кое се прави кафето.
3. Кофеинот нема стимулативен ефект, туку халуционен. Ако земете поголема доза, возможно е да ви се причинуваат работи.
4. Кофеинот може да ве убие. Додуша, далеку дека некој при здрав памет би испил 100 шолји кафе, ама имајте на ум дека тоа е смртоносната доза.
5. Во античко време, во арапската култура постоела само една валидна причина заради која една жена можела да побара развод – ако нејзиниот сопруг не и’ обезбедувал доволна количина кафе.
6. Во 1600 година постоела контроверза околу тоа дали католиците смеат или не смеат да пијат кафе. Дилемата ја разрешил тогашниот Папа Клемент Vlll кој рекол дека може.
7. Најголемата сметка платена во „Старбакс“ за едно кафе изнесува 23 долари. Кафето било направено по барање на муштерија и тоа од 16 дози еспресо.
8. Ирското кафе било измислено при обид да се згреат американски патници во ладен авион кој полетувал од Ирска.
9. Пред кафето да стане редовен утрински пијалок, во САД го користеле пивото како опција за утринска доза будење.Еве што велат фактите:
1. Залудно пиете кафе кога сте пијани. Кафето нема да ви помогне да се отрезните. Кофеинот едностав



