Познат е фактот дека животот во Њујорк е многу скап. Не само што се изнајмуваат станови по многу скапи цени, туку и самиот стандард за живот е повисок отколку во другите градови. Тука спаѓаат трошоците за храна и останатите средства за живот.За да се изборат со таквите услови, голем број Њујорчани се приморани да гледаат на нештата на поинакви начини. Тие изнаоѓаат секакви решенија за да опстојат во градот, а да немаат големи трошоци.
Фелис Коен пронајде најиновативен начин за живот во Њујорк и нејзината метода е невидена.
Таа живее на Апер Вест во Њујорк и се наоѓа на само неколку чекори од најголемите атракции, како што е Централ Парк и Линколн центар.
Од овој опис, можеби ќе помислите дека таа плаќа висока кирија. Но, таа плаќа само 700 долари месечни за нејзината соба, што е навистина евтино за животните стандарди во Њујорк. Да, за нас е можеби многу, но за Њујорк е вистинска премија!
Сепак, таа морала да се откаже од некои работи. Живее во стан од 8 квадратни метри. Веројатно не е поголем од една детска соба кај нас, но Фелис некако успева да се снајде.
Таа е професионален организатор, така што овој начин на живот е нормална работа за неа!
Погледнете го видеото:
За да се изборат со таквите услови, голем број Њујорчани се приморани да гледаат на нештата на поинакви начини. Тие изнаоѓаат секакви решенија за д



