Мистериозната насмевка на Мона Лиза, следната година навршува 500 години од своето постоење.Половина милениум, оваа слика ги интригира уметниците, а многу пробале да дадат одговор на прашањето зошто Мона Лиза има блажена насмевка.
Сликарот Владимир Новаковиќ ја одгатнал оваа тајна – Мина Лиза била во блажена состојба.
По повод Денот на жената, во една Галерија во Прокупље (Србија), била организирана изложба на сликарот Владимир Новаковиќ. Оваа вечер се покажала како идеална прилика да публиката ужива во спојот на повеќе уметности – сликарство, поезија, музика и глума, но и да се открие тајната на Мона Лиза.
„Долго работев на оваа слика, а уште подолго размислував за Мона Лиза и нејзината тајна. Верувам дека ја открив причината за нејзината мистериозна насмевка, а тоа се крие во нејзините раце, кои се прекрстени на стомакот и нејзината очигледна бременост“, рекол сликарот.Половина милениум, оваа слика ги интригира уметниците, а многу пробале да дадат одговор на прашањето зошто Мона Лиза има блажена насмевка.



