Експертот за говор на телото Роберт Фипс, вели дека несвесниот избор на омилената поза на кауч или фотеља открива многу повеќе отколку што мислиме.Дека навистина е така, покажува и истражувањето на една британска компанија за производство на мебел која спроведе истражување врз 2.000 возрасни лица. Со прашања за работата, емотивниот и сексуалниот живот, беше „додадена“ и положбата во која најчесто седат дома кога се опуштени.
Резултатите ќе ве изненадат.
Исправен грб, нозе на под
Формалната поза во која не се потпирате, порачува дека сте згрчени и тешко се опуштате. Оваа поза ја бираат луѓе коишто сакаат да играат сигурно, не мислат дека се посебно добри на работа, но сепак се кариеристи. Исто така, тие во поголем дел се задоволни од врската и животот.
Турски начин на седење
Ова е типична поза на активни, здрави и витки луѓе со богато сексуално искуство. Не заработуваат премногу, но се меѓу оние коишто се најзадоволни од работата.
Свиткани колена и стапала на кауч
Иако оваа положба се поврзува со анксиозноста бидејќи личи на поза на фетус, истражувањето го покажува спротивното. Ја практикуваат задоволни лица коишто лесно се соочуваат со стресовите, ја сакаат својата работа и иако не заработуваат многу, дружељубиви се и задоволни од сексуалниот и љубовниот живот.
Прекрстени нозе
Оние коишто во домот седат со прекрстени нозе сакаат да се опуштат, но никогаш не го спуштаат гардот. Имаат добра концентрација, самоконтрола и заработка, иако не си ја сакаат работата. Сепак, го сакаат местото во кое живеат, како и семејството.
На средина на каучот, со раширени нозе
Оваа поза ја сакаат луѓето кои мислат дека се талентирани и го живеат животот со „полна пареа“, сакаат да работат и одлично заработуваат, иако не се сосема задоволни од кариерата. Но, повеќе од другите сакаат да го подобрат сексуалниот живот.
На наслон за раце
Многумина имаат обичај да седат на наслонот за рацете, па изгледа дека во секој момент ќе станат. Оваа поза ја бираат зафатени луѓе и оние кои се под стрес, коишто немаат време да се опуштат.
Лежење како во кревет
Оваа поза ја бираат луѓето коишто со телото порачуваат дека ја мразат работата и потсвесно бараат положба во која најдобро можат да се опуштат. Сепак, себеси се сметаат за релативно успешни и добро заработуваат. Често нарачуваат храна, имаат многу пријатели, не трчаат по партнерот по секоја цена, но не се задоволни од сексуалниот живот затоа што веруваат дека е сиромашен.Дека навистина е така, покажува и истражувањето на една британска компанија за производство на мебел која спроведе истражување врз 2.000 возрасни л


