Според најново истражување кое го објавија двајца научници од Националниот универзитет во Австралија, не можеме да ги пронајдеме вонземјаните затоа што одамна изумреле.Невозможно е да се определи точниот број на ѕвезди во универзумот, а планети има уште повеќе, па логично е да се помисли дека барем една од нив е слична на Земјата и дека на неа има живот. Простата математика наложува дека не сме сами во вселената, но како тоа сѐ уште немаме налетано на вонземјани?
Меѓу првите научници кои почнале да се занимават со ова прашање и физичарот Енрико Ферми, кој е познат по формулата – парадоксот на Ферми.
Меѓутоа, неодамна е објавено истражување во кое двајца австралиски научници нудат решение за главното прашање од 21 век.
Адитија Чопра и Чарлс Х. Лајнвивер напишале во истражувањето: „Предусловите и состојките за живот се достапни секаде во универзумот. Како тогаш да нема толку живот во него? Најчесто објаснување за тоа е дека постои мала веројатност за појава на живот поради сложеноста на молекуларниот рецепт (теорија на тесно грло).
Ние ја претставуваме алтернативата на таа теорија, сметајќи дека животот се појавува на некоја планета само ако се развие доволно брзо за да ги регулира сите фактори кои влијаат на населувањето на планетата“.
Значи, тие всушност велат дека животот се појавил во сите агли на универзумот, но дека не се развил доволно брзо и дека исчезнал при драстичните промени во температурата на планетите.
Чопра и Лајнвивер тврдат дека ние сме космички исклучок и дека животот на Земјата опстанал затоа што нашата планета се има развиено доволно брзо за да може да ги избалансира гасовите како што е СО2, спречувајќи ги смртоносните климатски услови како што се оние на другите планети.
„Мистеријата за неоткривањето на вонземјаните повеќе има врска со реткоста на успешната биолошка регулација, отколку со веројатноста за пронаоѓање на живот“ – вели Чопра.
НАСА наведе дека вонземјанскиот живот кој постои во нашиот соларен систем најверојатно би можел да биде микробен. Тие веруваат дека микробите би можеле да настанат на сателитите како што е Европа, кадешто постојат огромни подземни океани кои се способни да ги поддржат микробниот живот.
Чопра и неговиот тим во истражувањето наведуваат дека Марс и Венера во минатото би можеле да бидат планети за населување пред неколку милијарди години, но дека не се развиле брзо како Земјата и дека Марс се претворил во „ледена пустина“, а Венера во „пеколна пустина“.
Значи, иако можеби постоел живот на овие планети, тој не се одржал поради грубите услови.Невозможно е да се определи точниот број на ѕвезди во универзумот, а планети има уште повеќе, па логично е да се помисли дека барем една од нив е с



