Емир Кустурица и Габриел Гарсија Маркес се имаат запознаено во 1998 година во Париз, каде што Кустурица требаше да го сними филмот „Есента на патријархот“.На една од средбите го прашале Маркес што значи животот и како едноставно да се разбере. Одговорил: „Идејата за животот, суштински и ликовно, може да се изрази преку фигура на златно јајце.“
– Нашите средби отсекогаш беа пријателски и припаѓавме на иста политичка групација во светот (на оние коишто се борат да им ги отворат очите на малите народи и кои сакаат да им го насочат вниманието кон идејата за слобода).
Но, тоа не се однесува на слободата на пазарот, туку на слободата и правото да преживеат, да не умрат од глад, да опстанат во својата земја и да не им ја даваат на освојувачите.
Да не бидат робови – некогаш оние класични, во смисла на изворниот збор, а денес робови на банките и системот.
Кустурица откри детаљ од 2011 година, кога во Хавана последен пат разговарал со Маркес:
– Зборувавме за глобалната политика во куќата во која што живееше и во еден момент ме дочека прашањето: „Емир, што мислиш зошто во Америка нема политички немири?“
Не го знаев одговорот, но тој ми откри: „Затоа што во Вашигтон нема американски амбасади“.На една од средбите го прашале Маркес што значи животот и како едноставно да се разбере. Одговорил: „Идејата за животот, суштински и ликовно,



