Нашата култура подразбира употреба на нож и вилушка како прибор за јадење, но постојат уште билиони други луѓе на планетата кои наместо нив, употребуваат стапчиња при консумирањето на оброците. Но зошто баш стапчиња?За Кинезите познато е дека употребувале стапчиња како прибор за исхрана уште 1200 години пр.н.е. и до 500 година од н.е. нивната употреба се проширила и во останатите делови на Азија, од Јапонија до Виетнам.
Во легендарните урнатини на Јин во провинцијата Хенан откриени се не само првите примери на кинески пишан материјал, туку и првите познати стапчиња направени од бронза. Првите стапчиња се употребувале за готвење на храната, бидејќи со нив можело да се ракува со водата и маслото кои вријат.
Во 400 година од н.е. луѓето започнале да ги употребуваат стапчињата и како прибор за јадење. Ова се случило откако популацијата во Кина нагло пораснала па морале да се развијат евтини навики на консумирање на храната.
Започнале да ја сечкаат храната на многу помали парчиња кои барале многу помалку масло и оган за готвење, а и совршено фаќање на истата со стапчиња. Така и ножевите не биле повеќе потребни.
Употребата на стапчињата се врзува и за Конфучиј. Тој бил вегетаријанец и верувал дека употребата на ножевите на масата каде се јаде може да ве потсети на месарите каде се убивале животните.
Тој исто така, учел дека острината на ножевите предизвикува појава на агресивност, насилство и војна. Сè остро, според него, ја убива среќата и може да го наруши расположението за време на консумирањето на оброците.
Така стапчињата многу бргу станале омилен прибор за јадење.
Различни култури имаат различни видови на стапчиња: кинеските стапчиња имаат тапи краеви, во Јапонија тие биле 20 cm долги за мажи и 18 cm за жени.
Во 1878 година во Јапонија направен е првиот сет на стапчиња за еднократна употреба направени од бамбус или друг тип на дрво.
Богатите употребувале стапчиња со слонова коска, жад, корали, месинг и можеле да бидат декорирани и со рубини. Привилегираните употребувале сребрен сет на стапчиња, бидејќи верувале дека среброто потемнува ако е во контакт со отровна храна.
Стапчињата се врзуваат за уште една основа на азиската храна – оризот. Тоа е така благодарение на типичниот леплив ориз кој се употребува таму.За Кинезите познато е дека употребувале стапчиња како прибор за исхрана уште 1200 години пр.н.е. и до 500 година од н.е. нивната употреба се прошир