Напуштена црква во облик на КОКОШКА: Ексцентричен архитект добил визија во која му се појавил…

Длабоко во џунглата на Индонезија, се наоѓа џиновски напуштен објект кој воедно ја претставува и најнеобичната црква во светот… во облик на кокошка!Еден ексцентричен архитект длабоко во џунглите на Индонезија изградил градба во облик на кокошка. Секоја година, голем број на туристи и фотографи кои доаѓаат во овој дел на островот Јава, ја истражуваат мистеријата на оваа напуштена црква.
Архитектот, пак, тврди дека објектот не е ниту црква, ниту кокошка – туку место за молитва на оние кои веруваат во Господ.
Даниел Аламсјах работел во Џакарта, кога „добил порака од Господ“ да изгради молитвен дом во форма на кокошка. Додека одел низ градот Магеланг, тој видел пејзаж што бил ист како оној од неговите соништа.
Сопствениците земјиштето му го продале за само 110 фунти, а денес припадниците на различни религии доаѓаат на ова место да се молат.

Дури има и гласини дека ова место се користи како центар за рехабилитација на зависници од дрога, на деца со посебни потреби, насилни и душевно заболени лица, што било потврдено и од архитектот.
Сепак, овој објект бил затворен во 2000 година, бидејќи трошоците за изградбата биле премногу високи, но без оглед на тоа туристите продолжиле да го посетуваат.
Иако нема историска вредност, овој објект е многу атрактивен за посетителите, а некои таму дури и се венчале.
Еден ексцентричен архитект длабоко во џунглите на Индонезија изградил градба во облик на кокошка. Секоја година, голем број на туристи и фотографи

Пронајдете не на следниве мрежи: