Станува збор за едноставен тест за мерење на флексибилноста со кој можете да откриете уште колку долго ќе живеете.Тестот се состои од едноставна вежба на седнувањa и станувања без приржување, кои можат да ви наговестат уште колку долго ќе живеете.
Докторите на Универзитетот во Рио де Жанеиро го развиле овој тест за да ги наведат неактивните пациенти да ги зајакнат мускулите, поради што и ќе живеат подолго.
Во една бразилската студија оваа вежба ја правеле луѓе со старост помеѓу 51 и 80 години и откриле дека оние кои имале осум поени имаат два пати повеќе шанси да умрат во текот на следните шест години, во споредба со оние кои ги имале максималните 10 поени.
Оние кои имале освоено три поени или помалку имале пет пати поголеми шанси да умрат во наредните шест години од оние кои имале по осум поени.
Ако сакате да го направите овој тест, не ви е потребна никаква опрема.
Како да ја направите вежбата:
Забелешка: Вежбата не ја правете доколку имате артритис или некоја друга состојба поради која можете да се повредите.
Носете удобна облека. Седнете на подот и прекрстете ги нозете. Обидете се да се застане, без помош на рацете или нозете за да се одгурнете. Правете ја вежбата пред огледало за да се осигурате дека ништо нема да пропуштите. Вежбата ќе ја започнете со десет поени, а по еден поен се одзема секој пат кога ќе се потпрете на вашата рака или колено, при седнување или станување. Половина бод се одзема за губење на рамнотежа.Тестот се состои од едноставна вежба на седнувањa и станувања без приржување, кои можат да ви наговестат уште колку долго ќе живеете.
Докто



