Од легендарни владетелки до богати наследнички со мрачни тајни, овие историски дами докажале дека жените не се наивни и невини како што изгледаат!Низ историјата, некои жени покажале многу поинаква страна од стереотипот ’поубав пол’. Не е изненадување дека не се мажите единствени кои направиле страшни злосторства, иако во повеќето книги и приказни од историјата, главно мажите, добри или лоши, се тема и центарт на внимание. Меѓутоа, многу жени, вклучувајќи мајки, сопруги, моќи жени, богати жени, дури и убави жени, сите тие успеале да докажат дека жените исто така можат да бидат страшни и да направат страшни злосторства.Кралицата Мери I од Англија “Крвавата Мери“
Кралицата Мери I од Англија била првата жена која успешно го зазела престолот на Англија и ги уживала симпатиите на потетокот на нејзиното владеење. Народот брзо престанал да ја сака, затоа што станувала се` попозната по своите злосторства кон Протестантите.
„Крвавата“ Кралица Мери станала легендарна жена од сите погрешни причини. Таа конечно завршила со тероризирање на илјадници протестанти откако го наследила престолот во Англија и Ирска во јули 1553 година. Кога ја вратила Англијаво католичката вера, запалила стотици верски дисиденти, па го добила прекарот „Крвавата Мери“.Изабела I од Кастиља (Изабела од Шпанија)
Во зависност која историја ќе ви се најде в раце, Изабела ќе биде или влијателна владетелка или тиранин. За некои Изабела била моќна и ефикасна владетелка: во 1974 година папата Павле VI ја именувал за беатификација. Многу историчари ќе речат дека таа била одговорна за тркање на Шпанија во модерниот период.
За жал, обединувањето на Шпанија под ново знаме на култура и религија дошло по многу мрачна и висока цена. Во март 1492 година бил донесен Алхамбра декретот со кој се приморала конверзија на десетици илјади Евреи и муслимани во католици и тоа во моментот на инквизиција. Многумина биле принудени да ги напуштат своите домови и животи поради грубата политика, а илјадници луѓе биле прогонети и погубени. Овој период траел се` до 1843 година, додека Изабела II не го распуштила.
Емпре Ву Зетиан
Ву Зетиан била импресивно, единствената жена кинески цар во 4.000 години. Таа била љубовница на царот Таизонг, која после неговата смрт се омажила за неговиот син. За време на владеењето на нејзиниот сопруг, таа управувала со неговите овластувања. Кога и тој починал, таа станала владетел на Кина од 690 до 705 година. Од посветлата страна, нејзиното владеење резултирало со напредок во религијата, образованието и литературата во Кина.
Меѓутоа, за време на нејзиното владеење била позната по злоупотребата на својата моќ и по тоа што би направила се` за да ја заштити свјата ретка и завидна позиција. Таа ги обвинила оние кои и` се противеле за предавство и биле прогонети или погубени. Позната е и по труење или изгладнување на ривалите, мачење и убивање на цивили, а како што вели легендата, таа си ја убила и својата ќерка со цел да ја заштити позицијата и моќта.Грофицата од Батори
Средновековната грофица од Батори, за разлика од останатите кралски жени, не посакувала моќ. Таа немала некое вистинско влијание се чини дека била злобна само затоа што била злобна. За оваа жена која живеела сама во дворецот, се тврди дека мачела и убила стотици девојки без причина. Успеала да си создаде кариера на сериски убиец, намамувајќи млади девојки во дворецот наводно поради вработување.
После жалбите, унгарската полиција дошла да го истражи случајот. Морничава сцена: мртви девојки, затворени девојки на умирање, биле доказ за нејзината бруталност. Таа била уапсена, но избегнала казна поради нејзиниот статус, меѓутоа живеела во домашен притвор до крајот на животот. После смртта оваа грофица станала легенда, а многу приказни кружеле за неа, како да е вистински вампир.Низ историјата, некои жени покажале многу поинаква страна од стереотипот ’поубав пол’. Не е изненадување дека не се мажите единствени к



