Еве кое е значењето на соновите кои повеќепати сте ги СОНУВАЛЕ!

Соновите се рефлексија на нашиот реален живот, а ова се некои од нивните значења.1. Пливање, летање или танцување
Сон: Повеќето од вас најверојатно искусиле како е да летате во сон и да се чувствувате слободно. Летањето во сон може да се појави како резултат на вашето успешно справување со некоја непријатна ситуација во сонот. Како алтернативна верзија на овој симбол, може да се случи да сонувате како безгрижно пливате во вода или релаксирано танцувате.
Значење на сонот: Овој сон, најчесто е одраз на вашата среќа, емотивна исполнетост, самоувереност и моќ. Верувате дека вашите можности за успех во некоја работа се неограничени и дека секаква евентуална препрека можете да ја надминете. Летање в сон исто така може да означува силна желба или стремеж кон некој или нешто. Пливањето може да означува дека ја запознавате длабочината на вашиот ум, а танцот ја искажува вашата сексапилност и задоволство од изгледот на сопственото тело.
2. Несоодветно облечени во јавност или пак тотално голи
Сон: Сигурно вам или на некој ваш близок му се случило да искуси вакво срамно чувство на сон. Голи и многу очи се вперени токму во вас. Алтернативна верзија на овој сон е да сте несоодветно облечени за пригодата, како на пример да носите пижами на работа. Чувствата кои се јавуваат како разлутат на ваквиот сон, се срам, индиферентност, а во некои случаи гордост и слобода.
Значење на сонот: Ако сонувате ваков сон, тоа најверојатно значи дека во реалниот живот се чувствувате ранливо, несигурно, ви е непријатно во сопствената кожа или сметате дека некому сте му откриле премногу детали за себе. Пореткото значење на овој сон е дека во реалниот живот се чувствувате слободни и неоптоварени. Често, ваквите соништа се појавуваат кај оние кои во будниот живот се вклучени во свадбена прослава.

3. Паѓање од височина или давење во вода
Сон: Во овој сон, вие паѓате надолу од височина и сте преплашени. Друга варијанта би била да сонувате како тонете во вода, при што постои голема опасност да се удавите.
Значење на сонот: Овој сон ја изразува вашата несигурност, или пак загриженоста дека не добивате поддршка од некоја личност во вашиот живот. Давењето пак најчесто го сонуваат оние кои се презафатени со некоја работа и се подготвени да се откажат од истата.
4. Бегање
Сон: Брзо трчате, бегајќи од некоја страшна особа, диво животно или чудовиште, кое се обидува да ве фати, повреди или убие.
Значење на сонот: Ако сонувате како бегате од нешто, тоа најверојатно значи дека во реалниот живот се чувствувате загрозени од некоја личност или пак дека ве мачи некое ваше чувство. Чувствувате страв и опасност, а во некои случаи овој сон може да биде и рефлексија на некој реален настан од животот.
 
5. Паѓање заби
Сон: Често се случува да сонуваме како ни паѓа заб, или пак гледаме како на некој друг тоа му се случува. Чувството е многу непријатно и застрашувачко. Како алтернативна верзија на овој симбол, би биле соништа во кои гледаме блескави или расипани заби или пак, четкање на заби.
Значење на сонот: Ако во сонот вие сте тие на кои им недостасува заб, значи дека нема да успеете да си ги остварите зацртаните цели и да ги задоволите вашите интереси, како резултат на некои лоши вести или болест. Ако на некој друг во сонот му паднале заби, значи дека некои ваши противници сакаат да ви го извалкаат името, но обидот ќе им биде безуспешен. Ако сонувате дека ви се расипал заб, значи дека ќе доживеете неуспех во штотуку започната работа или ќе имате проблеми со здравјето. Ако ги четкате забите значи дека сакате да се заштитите и одбраните од потенцијални опасности. Блескавата насмевка од друга страна, означува среќа и исполнување на вашите желби1. Пливање, летање или танцување
Сон: Повеќето од вас најверојатно искусиле како е да летате во сон и да

Пронајдете не на следниве мрежи: