Новиот модел на соларен циклус на Сонцето откри дека соларната активност до 2030 година ќе падне за околу 60%, кога условите ќе бидат слични како оние за време на малата ледено доба во 1645 година.По 172 години откако за прв пат е откриено дека соларната активност варира во рамките на циклуси кои траат од 10до12 години. Забележано е дека секој циклус е различен, и ниеден модел не успеал целосно да објасни зошто се случуваат овие варијации. Многу соларни физичари веруваат дека причината за овие циклуси е енергетски силен флуид, кој лежи длабоко во сонцето
Научниците откриле дека додавањето на уште еден енергетски центар ја заокружува сликата, со голема точност.
„Откривме дека компонентите на магнетни бранови се јавуваат во парови, и секој потекнува од различни слоеви од внатрешноста на Сонцето. Овие две компоненти имаат фреквенција од околу 11 години. Во текот на еден циклус, брановите варираат помеѓу северната и јужната хемисфера на сонцето. Комбинирањето на овие бранови и споредувајќи ги со реални податоци од тековната соларен циклус, ние откривме дека постои поклопување од 97% “, велат научниците.
Научниците извеле модел со користење на техника наречена „перципиелна анализа на состојките“. Тие ја испитале работата на магнетно поле во три соларни циклуси, кој опфаќаат периодот 1976-2008. Тие, исто така ги споредиле нивните предвидувања на просечниот број на сончеви пеги, кои се добар показател за соларната активност. Предвидување и резултатите прилично се поклопувале.
Следејки го следниот соларен циклус, нивниот модел предвидува дека неколку бранови ќе станат посилни во текот на 25-тиот циклус, кој започнува во 2022 година. За време на 26-ти циклус, кој ја покрива деценијата од 2030-2040, брановите ќе излезат од синхронизација, и тоа ќе предизвика значително намалување на сончевата активност.
„Во текот на 26-ти циклус, во два наврати се појави еден спроти друг, достигнувајки го својот врв во исто време, но на различни хемисфери на сонцето. Ние веруваме дека поради тоа се ќе случи соларен минимум, или ЛЕДЕНО ДОБА како пред 370 години “ откриле научниците.По 172 години откако за прв пат е откриено дека соларната активност варира во рамките на циклуси кои траат од 10до12 години. Забележано е дека секо



