– Педофилите по однесувањето не можат да се препознаат. Нивното пореметување тешко се лечи. Многу ретко доаѓа до сам сексуален однос помеѓу педофилот и жртвата. Во главно се се сведува на допирање, галење, пипкање и самозадоволување – објаснува психијатарот М. Милиќ.Педофили има секој ден се повеќе, а посебен проблем е тоа што е тешко да се препознаат.
Експертите за педофилија тврдат дека монструмите кои ги злоставуваат најмладите тешко се откриваат во секојдневното однесување и навики, па надлежните органи следат кои одат на определени видови сајтови и во согласност со тоа реагираат.
Профилот на педофил според светските статистики, изгледа вака: Тоа се угледни личности во друштво, со добро образование, имаат работа која им овозможува да бидат блиску до децата, повеќе сакаат да се во друштво на деца отколку во друштво на возрасни, дури тие се и семејни луѓе.
Др. Милан Милиќ – психијатар, објаснува дека педофилијата е психо-сексуално пореметување кога личноста одбира неадекватен објект за задоволување на своите сексуални желби.
– Педофилите по однесувањето не можат да се препознаат. Нивното пореметување тешко се лечи. Тие немаат желба дџа им наштетат на децата и имаат близок однос со нив. Многу ретко доаѓа до сам сексуален однос помеѓу педофилот и жртвата. Во главно се се сведува на допирање, галење, пипкање и самозадоволување – објаснува психијатарот М. Милиќ.
Често се случува таквите луѓе да имаат многу уреден живот. Не се впечатливи и нападни.
За жал, секогаш реагираме кога ќе веќе ќе се случи некое сексуално злоставување на дете. Педофилот е секогаш во окружувањето на жртвата и создава близок однос со детето.
Со оглед на тоа дека не се јасни знаците кои укужаваат на тоа дека некој е педофил, еден вид превенција е надлежните органи да следат кој оди на одредени видови сајтови и во склад со тоа да се реагира на време. Педофили има секој ден се повеќе, а посебен проблем е тоа што е тешко да се препознаат.
Експертите за педофилија тврдат дека монструмите ко



