Сте имале ли такво утро кога едвај станувате од креветот и се будите и не ви е воопшто до шминкање, а морате! Еве неколку совети како да го направите тоа без многу мака:1. Нанесување подлога
Подлогата честопати може да трае подолго од целото шминкање. Од кремата па сè до коректорот и пудрата, сето тоа го отежнува целокупното утринско шминкање. За да го забрзате овој процес користете тонирани креми за лице. Овие креми делуваат свежо врз кожата, но ги прикриваат и нејзините неправилности и ви даваат здрав сјај и убав изглед на лицето.
2. Стратешки нанесете го руменилото
Со само неколку потези нанесете го руменилото веднаш под јаболчниците на лицето и тоа е сѐ што ви треба. На овој начин, веднаш ќе ја истакнете структурата на лицето.
3. „Smoky Eye” на едноставен начин
„Smoky Eye” рано наутро веројатно ви звучи како лоша идеја и последен трик кој би го пробале, но оваа идеја не е толку комплицирана како што ви изгледа. Земете моливче за очи и повлечете тенка линија над горните и долните трепки, а потоа размачкајте ја со помош на четка за да го постигнете ефектот.
4. Истакнете ги усните
Ако се одлучите да не ставите воопшто шминка, тогаш истакнете ги барем усните. На тој начин, целото внимание ќе ви биде акцентирано на нив. Карминот остава впечаток дека сте подготвени за новиот ден.1. Нанесување подлога
Подлогата честопати може да трае подолго од целото шминкање. Од кремата па сè до коректорот и



