Веројатно на малкумина од вас ви паднало на ум да ја исперете машината за перење алишта. Водејќи сметка за машината го продолжувате векот на траење на вашата гардероба, но и самата машина. Исто така, машината пере поефикасно и не доаѓа до таложење на нечистотија во филтерот. Еве за што морате да водите сметка.Исклучете ја машината од струја
За да ја исперете од надворешна страна памучната крпа наквасте ја со млака вода. Доколку тоа не биде доволно во водата ставете детергент за миење садови.
Внатрешното миење на машината зависи од проблемот кој го имате со машината. На пример во неа можеби има рѓа, затната е со влакна или од неа се ослободува непријатен мирис. Во секој случај постои решение за сите тие проблеми.
Проблеми со рѓа: Уклучете ја машината на највисока температура. Во машината додадете две чаши цеден сок од лимон и пуштете да заврши програмата. Кога машината ќе заврши повторете го исото но овој пат не ставајате сок од лимон. На овој начин ќе ја исчистите машината од рѓа, но и од останатите нечистотии.
Проблеми со непријатен мирис: Вклучете ја програмата за вриење. Во водата додадете две чаши алкохолен оцет и две чаши варакина. Кога машината ќе заврши, вклучете ја повторно, но овој пат само со вода.
Проблеми со влакна: Доколку имате домашно милениче, веројатно ќе имате и влакна по станот и облеката, а со тоа и во машината за перење алишта. За да го решите овој проблем, по завршеното перење, оставете ја вратата од машината отворена. На тој начин внатрешноста ќе се исуши, а вие со правосмукалка можете да ги соберете преостанатите влакна.
За машината да остане чиста, веднаш по завршувањето на перењето извадете ги алиштата. Доколку ги оставите преку ноќ може да дојде до појава на мувла и бактерии.
По вадењето вратата од машината оставете ја отворена. На овој начин воздухот во неа секогаш ќе биде свеж и ќе ја намалите можноста од појава на миризба.
По вадењето на алиштата од машината, задолжително исчистете ја гумата на вратата. Под гумата често можат да се соберат нечистотии и вода кои можат да предизвикаат појава на непријатна миризба.Исклучете ја машината од струја
За да ја исперете од надворешна страна памучната крпа наквасте ја со млака вода. Док



