СУЕВЕРИЕ ВО БРЕМЕНОСТА: Дали верувате во овие бабини приказни?

Во секоја земја постојат ритуали врзани за бременоста, бремената жена и бебето. Иако живееме во модерно време, тоа не значи дека некои верувања сѐ уште не се дел од секојдневниот живот на луѓето.Затоа, денес ви претставуваме најпознати суеверија кои се однесуваат на трудниците:
– Ако трудницата има киселини во желудникот, тоа значи дека бебето има многу коса.
– Трудницата не смее да се изложува на сонце, бидејќи бебето ќе се „свари“ во плодовата вода.
– Ако трудницата посака нешто, а не го добие, на телото на детето ќе остане знак во облик на она што го посакала мајката.
– Кога трудницата ќе посака да касне нешто, треба да ги крене рацете во воздух. Во случај да се фати за некој дел од телото, на тој дел од телото детето ќе има дамка.
– Трудницата не смее да се допре за телото кога ќе посака да пие кафе, бидејќи бебето ќе има кафеава дамка.
– Трудницата не смее да јаде месо од зајак, бидејќи бебето во спротивно ќе спие со отворени очи.
– Ако на трудницата не ѝ пречи да јаде јагнешко – ќе роди момче; трудниците кои носат момче можат да јадат јагнешко, а оние со девојчиња не можат да го поднесат.
– Ако на трудницата ѝ е „тесен“ стомакот, ќе роди син.
– Ако трудницата има темна линија до папокот, ќе роди женско. Ако линијата оди над папокот, ќе роди машко.
– Ако носи машко, трудницата порано ќе се породи.
– Ако трудницата повраќа, ќе роди девојче. Ако не, ќе роди момче.
-Ако трудницата не повраќа и нема вистински мачнини, бебето не се „фатило“.
– Трудницата не би требало да седи со скрстени нозе, бидејќи така го забавува растот на бебето.

– Трудницата не смее да ги скрстува нозете, бидејќи на бебето ќе му се завитка папочната врпца околу вратот.
– Ако некој фрли марамче на маса, трудницата треба да ја крене. Ако ја крене нежно и со два прста, ќе роди девојче. Ако ја зграпчи со цела рака, ќе роди момче.
– Ако трудницата има бубулици по лицето, ќе роди девојче (бидејќи таа ја краде убавината на мама).
– Ако трудницата види нешто грдо, не смее да се фати за стомак зашто и бебето ќе ѝ биде грдо.
– Мајката не смее да се капе и да ја мие косата 40 дена по породувањето.
– На бебето во количката треба да му се стави лук за да ги избрка вештерките.
– Ако трудницата многу се смее, детето ќе биде весело. Ако е тажна, детето ќе биде плачливо.
– Оној ден од неделата кога трудницата за прв пат ќе го почувствува бебето, ќе биде денот кога ќе се породи.
– На бебето не смее ништо да му се купува пред раѓањето.
– Креветчето не смее да се смести во соба сѐ до денот кога бебето ќе си дојде дома.
– Кога трудницата ќе тргне во болница на пораѓање, треба да стави црвен конец околу раката, како и на бебето штом се роди. Тоа е против уроци.
– Облеката на бебето не смее навечер да се суши надвор, бидејќи ќе собере уроци.
– Трудницата не смее да оди на гробишта, бидејќи ќе роди бледо дете.
– Бебето не смее да се постави пред огледало, бидејќи никогаш нема да прозбори.
– Некрстеното бебе не смее да се води во прошетка, за да не собере уроци.
– Кога бебето се носи надвор, треба сѐ наопаку да му/ѝ се облече, за да не го/ја земат самовилите.
Како и да е, секоја мајка најдобро знае што треба да прави и што навистина е најдобро за неа и нејзиното бебе.Затоа, денес ви претставуваме најпознати суеверија кои се однесуваат на трудниците:
– Ако трудницата има киселини во желуд

Пронајдете не на следниве мрежи: