Отпечатоците на прстите се наши лични печати, нешто што нѐ разликува едни од други. На светот постојат само две личности со ист отпечаток, но постојат и оние кои немаат отпечаток на прстите.Адерматоглифија – отсуство на отпечаток, е исклучиво ретко генетско пореметување. За сега, на науката ѝ се познати само четири семејства кои носат ваков ген и чии поедини членови го имаат овој недостаток.
Неодамна е објавена студија за личност со потекло од Швајцарија, која нема отпечатоци на прстите. Овој фенотип се поврзува со хромозомот 4q22. Имено, токму на овој ген е забележана мутација која се манифестира како недостаток на посебен протеин во кожата. Овој хетерозиготен начин на мутација е наследен.
Постојат уште неколку состојби кои може да предизвикаат исчезнување на отпечаток на прстите, но адерматоглифијата е единствена вродена состојба која може да се пренесува од колено на колено.
Дактилоскопијата е гранка на криминалистиката која се занимава со проучување на папиларните линии, формирани во разни облици на јагодиците и зглобовите на прстите, дланките и стапалата, чија цел е да се изврши идентификација, докажување на идентитет, живи и мртви лица, како и фаќање на престапници.
Основни својства на папиларните линии се: непроменливост, индивидуалност, класификација и преносливост.Адерматоглифија – отсуство на отпечаток, е исклучиво ретко генетско пореметување. За сега, на науката ѝ се познати само четири семејства кои



