Неверојатна и шокантна сторија пренесува „24сата“, каде се вели дека наводно една 12-годишна тенисерка од Нови Сад признала дека нејзината врсничка од Белград добила шлаканица од својот татко, наводно тактички, бидејќи потоа противничката ќе се шокирала и немало да може да игра како претходно.
„Родителите ги тепаат децата на турнирите, тоа сите го знаат“ беа зборовите на 12-годишната девојка која тренира тенис во Нови Сад.
„Познат е случајот на мојата врсничка од Белград, нејзиниот татко во текот на натпревар ќе и удри шлаканица бидејќи тоа е нивна тактика за победа. Другата девојка ќе се шокира и нема да може да игра како претходно. Судиите не реагираат, не знам зошто“ изјавува за „24сата“ младата С.Б. од Нови Сад.
Понатаму, со своја изјава и адвокатот Предраг Аврамовиќ, задолжен за дисциплинската и правната процедура во Тенискиот сојуз на Србија.
„Можам да потврдам дека имаше случаи кога судиите ги пријавуваа родителите дека викаат на нив, им сметаат и им вршат притисок. Се случува родителите да бидат агресивни и непријатни, а сето тоа поради искривени перцепции дека наводно некој работи против нивното дете“ вели Аврамовиќ.
Фото: Foto-Ilustracija: ecoronado.com
Извор: www.telegraf.rsНеверојатна и шокантна сторија пренесува „24сата“, каде се вели дека наводно една 12-годишна тенисерка од