Пред да одлучите по кој знае кој пат да ја смените фотографијата на профилот на Фејсбук, размислете добро што сo неа говорите, затоа што изборот на фотографијата кажува многу повеќе за вас отколку што мислите.
Ќе се насмеете со ова хумористично виртуелено психо-профилирање. Запомнете, само нема лутење!
Фотографија со партнерот за профилна ставаат несигурните луѓе за да ги потврдат нивните сопствени вредности со изборот на партнер. Ситуацијата која е дури и повеќе безнадежна од претходната е ако изберете фотографија од свадбата, која на вашите фејсбук пријатели и говори: “. Гледајте, јас сум во брак, успеав во животот” Сакате сите да дознаат дека конечно сте пораснале. Сериозни сте, повеќе не лудувате, бракот ве направи сериозни и немате повеќе време за лудување со пријателите. А веројатно вистината е дека сте потрошиле премногу за свадбата, и вашата свекрва не ве сака.
Слично е и со луѓето кои се избираат за профилна, фотографија од нивното дете – обично тоа се луѓе кои упорно зборуваат за пелени и настинките на нивните деца, луѓе кои можеби единствениот успех во животот им било да станат родители. Некогаш и тие беа забавни, имале многу пријатели и богат социјален живот, а сега зборуваат само за деца.
Ако изберете ваша сопствена фотографија од детството, вие сте носталгични, и мислите дека во минатото сè било подобро. Веројатно се уште слушате музика која ве враќа во минатото, чувствувате дека “Династија”е најдобрата серија која е некогаш снимена, и не признавате никаква книга, напишана по 19-ти век.
Изборот на уметничка фотографии, главно црно-бела, покажува дека зад неа се крие писател, архитект, актер или пак лице кое е убедено во неговата уметност, иако никогаш не ги потврдило талентите кои ги поседува.
И ако сакате да поставите фотографија од некој познатиот лик од поп-културата, пејач, актер, јунакот од комична книга или филм, размислете повторно, бидејќи тоа кажува дека немате сопствената личност. Се дефинирате себе си и другите по начинот на забава, без оглед на тоа дали станува збор за телевизија, музика или книги.
Значи – најдобрита порака испраќате кога ќе го поставите ваша фотографија, но не е сеедно каква …
Луѓето кои се фотографираат себе, во пози на модели всушност не се сигурни во нивниот физички изглед.
ПОРТРЕТ- јасна фотографија на личноста која го покажува целосно лицето – Вие сте зрела возрасна личност, која е задоволна со својот изглед. Во суштина вие сте предвидливи и сакате рутина. Ако се работи за ваша авторска фотографија значи дека сте малку нарцис и кариерист. Ако тоа е автопортрет, вие сте малку предвидливи. Ако се ставите фотографија во костим за капење, веројатно изгледате добро, но не сте сигурни.
ДАЛЕКУ – толку сте одалечени од објективот што дури неможе да се види ниту еден детал на вашето лице. Ја вреднувате вашата приватност и не сакате било кој љубопитен човек да знае како вие всушност изгледате. Веројатно сте срамежливи и резервирани кон другите, додека не ги запознаете подобро. Или можеби само не сакате другите да ги видат вашите недостатоци.
МНОГУ БЛИЗОК КАДАР – толку сте блиску до објективот што може да се види само дел од вашето лицето – вие сакате луѓето да мислат дека не сакате да ве препознаат, но вие само се маскирате во сопствената “уметност”.
МИЛЕНИЦИ (фотографија обично без сопственик). Ако станува збор за мачка -вие сте жена без маж, ако е куче: вие сте маж без партнерка. Ако ставите змија, вие сте тинејџер кој ги слуша дет метал. Доколку ставите делфин значи дека премногу гледате National Geographic.Ќе се насмеете со ова хумористично виртуелено психо-профилирање. Запомнете, само нема лутење!
Фотографија со парт



