Oвој тест на личноста ја открива вашата суштина, ставајќи ве во една замислена, но многу важна животна ситуација, за која подоцна веројатно многу ќе размислувате. Одлуките во вакви моменти ја откриваат вашата личност. Тестот се решава брзо и лесно, забавен е, а во голем број случаи и точен.
Потребно е да размислите и одговорите на следните прашања:
1. Неотворена кутија стои на подот. Што има внатре?
2. Кога би можеле да изберете едно место на кое ќе го поминете остатокот од животот, каде би било тоа?
3. Лутате изгубени во пустина цел ден и конечно гледате село во далечината. Но, набрзо потоа забележувате и оаза, која е малку поблиску. Каде одлучивте да одите?
4. Што би направиле кога одеднаш се би изгубиле?
5. Да претпоставиме дека утре е недела, како ќе го поминете денот?
6. Ако сте во тесно, на кого би му се обратиле за помош?
7. Да можете да бирате, во кој период од животот (детство или сегашните години) би живееле?
8. Ако некој ви рече дека ви остануваат уште 24 часа живот, како би ги потрошиле?
9. Да можете да зачувате само една работа од пожар, што би било тоа?
Одговори:
1. Вашиот одговор открива како гледате на неочекувани ситуации. Ако замисливте нешто што нема вредност за вас, тогаш верувате дека среќата и добрите работи не доаѓаат толку лесно, и дека не ви се предодредени. Доколку замисливте злато или нешто вредно, тогаш очекувате дека еден ден ќе бидете богати. Доколку претпоставивте дека кутијата е празна, тогаш не верувате во среќа и премногу сте практични и реални.
2. Доколку се одлучивте за местото каде што веќе живеете тогаш сте задоволни и удобно ви е таму каде што сте. Ако сте одбрале некое далечно место, вие сте сонувач и сакате романтични работи. Ако не можете да се одлучите тогаш не сте склони кон силно врзување за места и луѓе.
3. Ова ја опишува вашата работна етика. Ако избравте оаза сакате да доаѓате на работа први,а да заминувате последни. Не сакате правила и прописи и импулсивни сте од време на време. Сакате да работите повеќе работи истовремено, а понекогаш знаете и да одолговлекувате. Aко одбравте да одите право во селото, тогаш вие сте тој кој презема одговорност. Внимателно го планирате својот ден и знаете како да го искористите времето. Почитувате рокови, а повеќе би сакале да ги довршувате проектите отколку да започнувате нови.
4. Оние кои решија да почнат од нула се луѓе кои се спремни да преземат одговорност за своите постапки, а не само мирно да ги прифаќаат промените во животот.
5. Вашиот одговор опишува на кој начин ги трошите парите. Ако одговоривте дека сте слободни да правите се и сешто, значи дека парите ги трошите како што вам ќе ви падне на памет и немате контрола. Ако решивте да останете дома, значи дека обично во шопинг трошите се што имате. Ако се одлучивте за спортски активности – имате навика да штедите за црни денови. Ако одбравте да шетате некаде – вие сте оние кои внимателно и рационално трошат.
6. Оние кои работите ќе се обидат да ги поправат сами имаат цврст карактер и се прилично самоуверени. Ако се свртевте кон пријателите и фамилијата помалку сте несигурни и не сте спремни да прифатите целосна одговорност во тешки ситуации. Оние кои бараат практичен совет од адвокати или други професионалци се реалисти.
7. Годините кои ги избравте се период во кој сте биле најсреќни, Оние кои сакаат да се вратат во детството се луѓе кои не сакаат одговорност на свој грб. Ако ја одбравте вашата сегашна возраст вие сте зрели и успешни.
8. Ако одлучивте да бидете со луѓето кои ги сакате, имате сентиментална природа и сте многу емотивни. Ако порадо би биле сами можно е често да сте незадоволни и нерасположени. Ако се одлучивте за забава и добар провод тогаш за животот се борите прибрано. Ако денот го поминете како и обично тогаш сте храбри и прилагодливи.
9. Ако е во прашање фотоалбум или нешто како тоа, тогаш сте сентиментални. Ако е во прашање нешто од облека , тогаш сте претпазливи и конвенционални. Ако одберете нешто со голема парична вредност, вие сте голем материјалист. Луѓето кои се одлучуваат за документи или лап топ се практични.Тестот се решава брзо и лесно, забавен е, а во голем број случаи и точен.
Потребно е да размислите и одговорите на следните прашања:



