Како боите во домот влијаат на вашето расположение?

Сакате да направите некаква промена во вашиот дом, да го освежите просторот, но и да ја промените бојата на ѕидовите, бидејќи белата е веќе одамна демоде. Додека размислувате на таа тема, немојте да заборавате дека боите потсвесно влијаат на вашите емоции и расположение, како и на психичката и физичката стабилност.Свежите нијанси на зелена, сина и виолетова боја ублажуваат, смируваат и успокојуваат и прават просторот да изгледа поголем.
Зелена
Зелената боја е боја на природата, која смирува, успокојува, прави да се чувствувате заштитени и ја подига вашата самодоверба. Зелената е одлична боја за вашата бања или спална или за било која соба која служи за одмор и релаксација.
Сина
Сината боја го смирува нервниот систем.Таа е одлична соба за спиење, па затоа употребете ја за вашата спална или за соба во која се релаксирате. Избегнувајте ја за дневна соба и канцеларија. Темно сината пак, создава депресивни чувства и ја „вшмукува“ енергијата во домот.
Виолетова
Виолетовата боја симболизира страдање и тага, но истовремено и кралско достоинство, привилегираност и интегритет. Светлите нијанси на виолетова пак, се одлични за медитација, самоанализа и за духовно прочистување. Соодветна е за спална соба. Свежите нијанси на зелена, сина и виолетова боја ублажуваат, смируваат и успокојуваат и прават просторот да изгледа поголем.
Зелена

Пронајдете не на следниве мрежи: