Повеќето од нас не може да го замисли рабониот или пак неработниот ден, без неколку чаши од вашето омилено кафе. Но, понекогаш сите се запрашуваме дали тоа е добро за нашиот организам.Нова европска препорака за безбедноста на кофеин вели дека не е опасно да се пијат пет кафиња на ден. Европската управа за безбедност на храната, спроведе научна студија, бидејќи некои земји изразија загриженост во врска со ефектите кои кафето ги има врз срцето и нервниот систем, како и влијанието врз фетусот кај бремените жени.
Во извештајот се вели дека конзумирање на 400 милиграми кофеин на ден “не претставува безбедносен ризик за возрасните” но и дека бремените жени треба да пијат максимум 200 милиграми највеќе за заштита на фетусот.
Оваа граница е доста висока, бидејќи студијата покажува дека просечниот Европеец со старосна граница помеѓу 18 и 65 години дневно внесува од 37 до 319 милиграми кофеин.
Инаку, едно еспресо содржи околу 80 милиграми кофеин, како и стандардните лименки енергетски пијалок. Додека пак една чаша црн чај содржи околу 50, а една лименка Кока-Кола 40 милиграми кофеин.
Американската агенција за храна FDA одреди дека можете да внесувате 400 милиграми кофеин дневно без тоа да има негативно влијание врз организмот.Нова европска препорака за безбедноста на кофеин вели дека не е опасно да се пијат пет кафиња на ден. Европската управа за безбедност на храната,&n



