Воспалени синуси, забоболка и отечени нозе се минато со помош на овие домашни рецепти

Солта е важен зачин поради своите делотворни дејства, од сега покрај кујнската намена, можете да го користите и во медицински цели. Ви претставуваме како можете да се ослободите од здравствените проблеми со овој зачин.1. Алергии и воспаление на синуси
Лицата кои имаат проблеми со хроничен синузитизам или имаат пролетни алергии треба да се држат до овој чудотворен раствор од сол кој ќе им помогне во отстранување на тегобите за затнатост на носот бидејќи солта е идеално решение за воспалената слузокожа. Во 300 мл провриена вода ставете мала кесичка сол. Кога течноста ќе се олади, со шприц исперете ги ноздрите два пати дневно. На почеток ќе ви биде малку чудно, но по неколку дена ќе се навикнете кога ќе почувствувате олеснување.
2. Болка во грлото
Сите ние знаеме колку болката во грлото може да биде иритантна и упорна, за да ја намалите болката направете течност со која ќе го плакнете грлото неколку пати дневно. Во 200мл вода ставете една лажичка сол и мешајте додека не се раствори солта.
3. Чувствителни непца кои крвават
Многумина имаат проблем со чувствителни непца кои најчесто крвават, што подоцна може да доведе до сериозно оштетување или во најлош случај парадентоза. Како превентива направете раствор со кој при секое миење на заби ќе ја плакнете устата. Една лажичка сол растворете во 100мл вода. Со овој раствор само исплакнете ја устата и потоа плукнете.

4. Отечени нозе
Болка и оток во нозете стана скоро сечие секојдневие. За да се ослободите од ова непријатно чувство идеално би било да подготвите купка за стапалата. Во топла вода ставете четири чажици сол и неколку капки етерично масло од еукалиптус, лаванда или нане.

5.Забоболка
Забоболката умее да биде упорна, за да се осолободите од неа на природен начин потребно е устата да ја исплакнете со раствор од 100 мл топла вода, додадете две лажици оцет и една лажичка сол. Имајте на ум дека ова е само привремено решение пред да го посетите стоматологот.1. Алергии и воспаление на синуси
Лицата кои имаат проблеми со хроничен синузитизам или имаат пролетни алергии треба да се

Пронајдете не на следниве мрежи: