Жените од Африка можат да се пофалат со поеластична и помлада кожа во однос на жените од западниот дел на светот. За поспоро стареење на лицето и телото делумно се заслужни гените, одредени геогравски влијанија, но има и мали ритуали за убавина за кои Европејките воопшто не знаат.1. Моќта на розата
Мароканките многу сакаат да користат листови од роза во подготовката на домашни препарати за разубавување, особено за производство на вода од роза, која се смета за одличен олеснувач при тонирањето на кожата. Етеричното масло од роза, се смета за еден од најсилните сојузници во борбата против воспаление на телото, и кога се нанесува на кожата, таа ја прави мека и мазна.
2. Напивка од нане
Африканските жени сакаат да пијат пијалок од нане. Ова е освежителен пијалак кој буди, полн со кофеин, па се смета дека е одлична алтернатива за кафето. Покрај тоа содржи и многу антиоксиданси кои ја подмладуваат кожата и имаат позитивен ефект врз побрзо лекување на лузни на телото.
3. Парна бања
Одење во амам еднаш неделно, односно во парна бања е одличен начин да се опуштите и разубавите. Пареата ги отвора порите, и ја стимулира лачењето на токсините од телото, ја забрзува циркулацијата што резултира со поубава кожа, лицето и телото. Во амамот се достапни и ефикасни методи на масажа со арганово масло, кое го релаксира телото и умот.
4. Африкански црн сапун
Жените на црниот континент за одржување на хигиената користат африкански црн сапун. Таа е природен производ врз основа на палминото масло и шеа путер, кој е богат со витамин Е и гарантира за еластичноста на кожата.
Бојата доаѓа од пепелта на суви какао школки, какао бобинки кои се наогаат во сапун, тој не содржи конзерванси, вештачки бои и адитиви и е наменет за сите типови на кожа.
5. Зелена глина
Маската од зелена глина има неверојатен ефект на кожата бидејки длабоко продира и ги апсорбира вишокот природни масла. Таа има големо влијание врз кожата на лицето, градите и грбот.
6. Парфем во”камен”
На африканските базари може да се купи парфем во камен, кои нудат потполно ново искуство за ставање на парфем. Наместо распрскување честички на клучните точки, жените во Африка ги тријат овие камења на телото. Ова е исклучителен начин за нанесување на мирисни честички, па така тие траат и по цел ден, а додека самите камења траат со години.1. Моќта на розата
Мароканките многу сакаат да користат листови од роза во подготовката на домашни препарати за разубавување, особено за пр



