Човекот на семафорот повеќе нема да стои сам. Ќе добие свој партнер или партнерка.Со одлуката на Магистрат 33 (оддел за осветлување на Виена), на 49 виенски крстосници со 120 пешачки премини ќе бидат инсталирани нови семафори. Самците на семафорот ќе ги заменат парови, а ќе постојат дури и геј варијанти: две дами коишто се држат за раце, или двајца мажи.
Оваа промена се случува непосредно пред почетокот на Евросонг, благодарение на минатогодишниот победник Кончита Вурст.
Првиот семафор од овој вид ќе биде поставен на крстосницата Университерсринг/Шотентор, а останатите ќе бидат монтирани до среда.
„Новите семафорски светла ќе ја претставуваат Виена како отворен град, град на толеранцијата и отвореноста, но и ќе ја зголемат безбедноста во сообраќајот“, вели портпаролот на Магистрат 33.
Семафорите ќе се инсталираат на местата кадешто најмногу се преминува на црвено светло.
Поставувањето на новата вертикална сигнализација ќе чини 63.000 евра.Со одлуката на Магистрат 33 (оддел за осветлување на Виена), на 49 виенски крстосници со 120 пешачки премини ќе бидат инсталирани нови семафори. Са



