Со доаѓањето на топлото време, се почесто посегнуваме по бела облека. Бели парчиња облека многу лесно се валкаат, а потоа тешко се перат на соодветен начин за да се задржи беспрекорната постојаност на бојата. Токму затоа една американска фирма смислила начин како да го спречи проблемот од корен.Американската фирма Elizabeth & Clarke специјализирана за продажба на облека преку интернет осмислила нов начин на производство на бели маици и блузи кои не се валкаат.Посебните влакна кои не можат да се извалкаат подразбираат завршна обработка на белите парчиња облека со цел одбивање на сите видови нечистотија.Нечистотијата не може да допре до влакната на белата ткаенина бидејќи во тоа ја спречува завтшниот „слој“ кој е направен од микроскопски влакненца кои се 100 илјади пати помали од зрно песок. Итовремено тие влакненца се толку мали што не ја зголемуваат тежината на облеката и овозможуваат нормално движење.Оваа фирма побарала финансиска поддршка преку интернет сервисот Кикстар, и го надминала потренбиот капитал во само неколку дена од отворањето на фирмата, со што е докажано дека и тоа како има потреба за ваков производ.Американската фирма Elizabeth & Clarke специјализирана за продажба на облека преку интернет осмислила нов начин на производство на бели маици и
Пронајдете не на следниве мрежи:



