Она што е познато е дека задолжително треба да ги исклучиме од струја електронските уреди како што се радиото, телевизорот, компјутерите, но и апаратите за домаќинство. Меѓутоа, што треба да се направи со мобилниот телефон?Експертите се поделени околу тоа дали мобилните телефони привлекуваат молњи (громови), но, сепак предупредуваат дека треба да се исклучат кога има невреме.
„Голем ризик е до себе да се држи вклучен мобилен телефон, бидејќи тој е извор на електромагнетни бранови кои создаваат пат за атмосферскиот електрицитет. Секој спроводник опасен кога грми, а во кој се наоѓа метал. Дури и поставените изолации се често безпомошни, бидејќи громовите ги премостуваат“, вели за српски „Блиц“, Млаѓан Ќуриќ, професор од српскиот Институт за метеорологија.
Други експерти сметаат дека не е опасен самиот мобилен телефон, чие зрачење е зголемено единствено при неговото вклучување или гасење и дека поопасно е местото на кое човекот се наоѓа.
Громовите не избираат каде ќе удрат, на отворено најчесто ги погодуваат осамените карпи и стебла, самиот човек во полето или било кој објект на рамна водена површина. Се случува да удрат и таму каде што никој не ги очекува. Меѓутоа, ако околу човекот има згради, тој нема да претставува мета.
Затоа кога има невреме, во домот не треба да се седи во близина на прекинувачите за струја ниту да се држат запаливи работи во нивна близина. Исто така, треба да се исклучат од струја сите технички апарати.Експертите се поделени околу тоа дали мобилните телефони привлекуваат молњи (громови), но, сепак предупредуваат дека треба да се исклучат ког



