Децата со години наназад играле различни игри кои ги играле нивните родители, баби и дедовци и тоа со генерации пред нив. Доколку сте од постарите генерации, веројатно ви текнува на игрите „Јанино, јанино“ и „Долга магарица“.Модерната технологија овозможи полесен и поудобен живот, па повеќето деца го минуваат времето во играњето компјутерски игри и по социјалните мрежи, со кои се окупирани. Сепак, постојат сѐ помалку деца кои уште уживаат во традиционалните игри.
Долга магарица беше една од најпопуларните, но и погруби игри од детството. Принципот на играта се состоел во тоа да се формираат две групи со ист број учесници. Едниот тим скока врз припадниците од другиот тим, чии членови се поврзани во „синџир“, кој е направен на начин на кој главите им се наоѓаат помеѓу бутините од членот на екипата кој се наоѓа пред нив.
На почетокот од синџирот се наоѓа еден неутрален играч, тн. „перница“, кој обично е потпрен со грб кон ѕидот. На неговите испружени раце, кои ги држи пред себе со дланките свртени нагоре, последниот член од синџирот ја става главата.
Членовите на противничкиот тим скокаат врз ривалите, кои не смеат да паднат. При скоковите, тие малку погрубо скокаат врз нив, со цел да потклекнат под притисокот. Секако дека при оваа игра има многу некоректни потези, па најчесто „перницата“ е и судија во оваа игра.
Оваа игра беше популарна меѓу децата, кои ја играа за време на големите одмори или по часовите.
На крај се наметнува прашањето: Дали оваа и многуте други игри ќе заминат во заборав?
Модерната технологија овозможи полесен и поудобен живот, па повеќето деца го минуваат времето во играњето компјутерски игри и по социјалните мрежи,



