НАЈАВУВА ЗЕМЈОТРЕС: Морето исфрлило „чудовиште“ долго три метри!

Необична риба е откриена на брегот од морето во Арамоани, град во Нов Зеланд. Научниците не знаат многу работи за овој вид риба, а ретки се оние кои имале прилика да ја видат во живо.Пронајдената риба е долга три метри и спаѓа во помалите од својот вид, со оглед на тоа дека може да достигне должина од дури 11 метри.
Рибата ја пронашол жител на градот Арамоани, Дон Гибс, а директорот на Службата за заштита на животната средина Дејвид Агњу, е воодушевен од пронајдокот.
Тој истакнал дека за осум години работа во оваа област, никогаш не видел ништо слично.
Стручњаците од музејот Отаго, земале примероци од рибата за да се извршат анализи кои ќе им помогнат да дознаат нешто повеќе за овие риби. Рибата со латински назив regalecus glesne, посебно е интересна и поради бизарната склоност да ампутира сопствени делови од телото, поради што досега биле видени и примероци долги и до 1,5 метри.
Тие вршат ампутација повеќе пати во животот, а таа не влијае на нивните витални органи. Рибите не ја одгризуваат сопствената опашка, туку ја отфрлаат како некои видови гуштери.
Легендата вели дека овие риби предвидуваат земјотрес, но океанографот Х. Џ. Вокер, смета дека овие верувања се погрешни.
„Не постои ништо посебно во оваа риба, што би можело да помогне при предвидувањето на земјотреси. Ако се случеше силен земјотрес под површината на морето, тоа би влијаело и на другите риби, не само на рибата-појас“, рекол Вокер за ВВС.Пронајдената риба е долга три метри и спаѓа во помалите од својот вид, со оглед на тоа дека може да достигне должина од дури 11 метри.
Риба

Пронајдете не на следниве мрежи: