Во светската анкета, во која учествувале над 80.000 луѓе од сите краишта во светот, беше направена мапа на приоритети на сите народи во светот.Податоците се собрани и презентирани на голема мапа, на која посебно е означен секој континент, додека приоритетите се поделени според боите.
Според мапата, Македонците се грижат за своето здравје, по што се слични со жителите на Русија и Канада.
На другите балкански народи, односно на Србите, Хрватите и Босанците, најважно им е животното задоволство, нешто во што се слични со Американците.
Костарика и Куба најмногу внимание посветуваат на хедонизмот, додека Мексико и скоро цела Јужна Америка најмногу грижи за образованието.
Единствено Словенија и Грузија се загрижени за животната средина, која за нив врвен приоритет.
Во анкетата учестувале луѓе од повеќе од 180 светски земји, а ОВДЕ може да ги видите сите резултати.
Податоците се собрани и презентирани на голема мапа, на која посебно е означен секој континент, додека приоритетите се поделени според боите.


