ОВИЕ работи се клучот на нашата среќа!

Можеби здравјето, парите и   убовта се првите асоцијации на среќа но во секојдневието таа се врзува за помали работи… сонце на лицето, мирис на свежа постелнина, љубезност од странци и сл..Често се кажува дека среќата ја прават малите работи но тоа не е без причина. Клучните животни случувања и онака кратко траат а деталите се всушност тие кои го диктираат расположението во текот на денот, потврдила една студија на британската фирма „Буп“ која истражувала повеќе од 2000 луѓе.
Според неа луѓето како најчеста причина за незадоволство го наведуваат недостатокот на сон  и стресот поради финансии а ова се работите поради кои се чувствуваме подобро.
1.Спиење во чиста и миризлива постелнина
2.Чувство на сонце на лицето
3.„Фала“ од странец по љубезен чин
4.Случајно пронаоѓање на пари
5.Слободно време за себе
6.Смеење до солзи
7.Лежење на троседот
8.Мирис и вкус на свеж леб
9.Помагање на другите
10.Чувство на свежина по туширање
11.Омилена песна на радио
12.Купување на омилените работи на распродажба
13.Слушање на дождот како паѓа додека сме дома
14.Свежо кафе или чај
15.Долга топла купка
16.Првиот снег во зима
17.Мирисот на искосена трева
18.Топење на чоколадото во усните
19.Масажа
20.Чувството дека е петокЧесто се кажува дека среќата ја прават малите работи но тоа не е без причина. Клучните животни случувања и онака кратко траат а деталите се всушнос

Пронајдете не на следниве мрежи: