Невозможно е да ја замислите кујната без кујнски крпи, а кои неретко се валкани и смрдливи. Доколу не се грижите за хигиената на кујнските крпи, постои голема веројатност да го загрозите своето здравје.Во продолжение прочитајте неколку практични совети кои ќе ви помогнат во чистење и одржување на кујнските крпи:
1.пред се, погрижете се пред првата употреба, крпите даги исперете со добар детергент, бидејќи на нив има хемиски остатоци и бацили собрани за време на производството.
2. Детергентот со кој ќе ги перете нека има антибактериски додатоци. Не само што така ќе се спречи создавањето мула, туку и ќе мирисаат поубаво.
3. Добар трик за потполно да ги исчистите крпите е доколку добро ги исперете и потоа да ги извриете во микробранова печка на 30 секунди. Така ќе ги убиете непосакуваните бактерии.
4. Штом ќе ги исперете, крпите веднаш ставете ги да се сушат. Никогаш не ги оставајте да седат влажни во машина, бидејќи така ќе им ја олесните работата на бактериите полесно да се рашират.
5. По можност секогаш купувајте сто посто памучни, бели крпи. Можеби полесно се гледа нечистотијата на нив, но поедноставни се за одржување. Освен тоа, бојата нема да се испере и секогаш ќе изгледаат како нови.
6. Во машината перете ги посебно, на висока температура. Потоа можете да користите избелувач, за да ги отстраните сите несакани мириси. Како замена за избелувач, добри се алкохолниот оцет или сода бикарбона, само внимавајте никогаш да не ги користите истовремено.
7. крпите немојте да ги перете со омекнувач за алишта. Така ќе ја намалите можноста за впивање на течностите.
8. Уште една важна работа за одржување на чистотата на кујнските крпи е добро средството за отстранување дамки. Пред да ги ставите да се перат, натопете ги дамките со средство и оставете да отстојатбарем 15 минути.
9. Доколку крпата е многу валкана, потпоете ја во топла вода и оставете да отстои преку ноќ. Можете да користите и избелувач. На тој начин ќе ги отстраните сите дамки, а крпата повторно ќе заблеска.
10. Исто така можете да користите разредена мешавина од избелувач и натриум бикарбонат за да ги потопите крпите преку ноќ. Комбинацијата мириса лошо, затоа оставете ја на отворено. Потоа исперете ги во машина и ставете ги на сушење. Потоа повторно ќе мирисаат убаво.Во продолжение прочитајте неколку практични совети кои ќе ви помогнат во чистење и одржување на кујнските крпи:
1.пред се, погрижете



