Алан Форд е италијански комичен стрип кој го создале сценаристот Лучијано Сечи со псевдоним Макс Бункер и цртачот Роберто Равиола, со псевдоним Магнус. Во стрипот сатирично е опишан животот на една група тајни агенти исполнет со многу надреалности и црн хумор.Дејството на стрипот се одвива во Њујорк, а ова се дел од легендарните изјави на Бројот 1, Алан Форд, Боб Рок, Сер Оливер, Грунфо, Еремија и останатите ликови од стрипот:
„Подобро е да се живее 100 години како милионер, отколку 7 дена во беда“.
„Не е важно да се учествува, важно е да се победи“.
„Ако планираш да победиш, не смееш да загубиш“.
„Кој спие, не е буден“.
„Наоружај се и бегај“.
„Подобро нешто од нешто, отколку ништо од ништо“.
„Никогаш не се предавај, освен кога мораш“.
„Да бегаме Алан. Тие се двајца, а ние сме сами“.
„Проклетство, овој ѕид е мазен како мазен ѕид“.
„Ние ништо не ветуваме и тоа го исполнуваме – партија на вистината“.
„Овде почива оној кого веќе го нема“ (епитаф)
„Мене најмногу ќе ме погоди сопствената смрт“.
„Подобро да си богат, отколку да не си“.
„Долу тие, да живеам јас“ – графит на ѕид.
„Купете ѝ цвеќе на саканата жена, но не заборавајте и на сопствената“.
„Не верувај ѝ на жена што лаже“.
„Кој оди не трча“.
„Кој лета – вреди, кој вреди – лета, кој не лета – не вреди“.
„Подобро да издадеш книга отколку пријател“.
„Ќе дадам сѐ за татковината, па дури и нокот“.
„Влез слободен, излезот се наплатува“ (натпис над кино).
„Ало, Бинг како е брат ти? Украде автомобил, а тогаш му го здиплија на првото паркиралиште? Какви времиња“
„Дајте му нешто на сирот старец без нозе кој нема пари ни чевли да си купи“.Дејството на стрипот се одвива во Њујорк, а ова се дел од легендарните изјави на Бројот 1, Алан Форд, Боб Рок, Сер Оливер, Грунфо, Еремија и остана



