Во приказната која е прикриена стои дека Советскиот Сојуз имал намера на 16 мај 1961 година да ја испрати првата жена во вселената.Во тоа врме Американците имале само мал лет во земјината суб-орбита, додека Русите сакале да испратат свој прв космонаут во длабочината на орбитата.
Сепак нешто кон крајот на летот тргнало наопаку, но не е познато што точно.
На снимката која настанала 1961 година може да се слушне како жена која е во леталото се жали на зголемена температура во кабината, пред леталото да биде уништено.
Жената се обидела да стапи во контакт со контролата на летот на земјата, но не добила одговор.
„Слушајте, слушајте! Зборувајте со мене! Овде е топло, топло ми е!“, велела жената.
Во еден момент таа прашала дали е опасно тоа, но не немало одговор.
„„Многу е топло! Гледам пламен, да, голем пламен! Ќе се урнам! Врело е!“викала жената.
Во тој момент се прекинува снимката и не се слуша ништо повеќе.
Ова е снимка од последните моменти на жената космонаут во леталото пред да биде уништено.
Автори на снимката се браќата Јудица – Кордиглиа, но воедно се поставува прашањето како некој можел пред половина век во приватна режија да пресретне шифрирана советска комуникација.Во тоа врме Американците имале само мал лет во земјината суб-орбита, додека Русите сакале да испратат свој прв космонаут во длабочината



