Сложени органски молекули кои помагаат при формирањето на материјал кој е потребен за настанување на животот, откриени се во составот на една млада ѕвезда, а тоа откритие сугерира дека условите кои допринеле за настанувањето на Земјата и Сонцето не се единствени, се дознава од студијата објавена во списанието Nature.„Сега имаме докази дека таа иста хемија постои и на друго место во вселената, во подрачјата во кои би можеле да се формираат сончеви системи кои не се различни од нашите“, изјавила Карин Оеберг, која е главен автор на студијата.
Користејќи го прецизниот телескоп АЛМА (Atacama Large Millimeter Array) во Чиле, научниците истражиле ротирачки диск од плин кој ја окружува ѕвездата МВЦ 480. Со оглед на нивната големина и облик, молекулите емитираат различни бранови должини, поради што е можно да се разликува еден хемиски спој од друг. Научниците откриле метил цијанид, органско соединение составено од водород, јаглерод и азот – трите клучни елементи кои се потребни за изградбата на ДНК.
Научниците се импресионирани не само поради тоа што органскиот материјал кој бил пронајден околу младата ѕвезда дека преживува, туку тој „цвета“ во количества кои се нешто поголеми од оние за кои се верува дека постоеле во нашиот ран сончев систем. Тоа богатство од органски материи открива дека сончевиот систем на Земјата не е единстениот кој ги содржи тие сложени молекули и дава индикации дека состојките кои се потребни за развој на животот можеби постојат и ширум вселената.
„Богатата органска хемија во младиот сончев систем е далеку од тоа да биде единствена. Се чини дека е веројатно дека пребиотската хемија која му се има случено на сончевиот систем, вклучувајќи ја Земјата, се случува и на некое друго место во вселената“, рекла Оеберг.
Научниците предупредуваат дека тие органски молекули би можеле да се најдат на кометите и астероидите кои евентуално би ги преместиле во другите области од вселената во кои има поволни услови за настанување на живот. Голем број астрономи веруваат дека токму кометите и астероидите ги донеле неопходните компоненти за живот во нашиот сончев систем.
Сместена во соѕвездието на Бикот и оддалечена 455 светлосни години од Земјата, ѕвездата МВЦ 480 има двојно поголема маса од Сонцето и е десет пати посјајна. Таа милион години стара ѕвезда ја окружува диск од плин, но научниците не откриле некој знак за формирање на планета.„Сега имаме докази дека таа иста хемија постои и на друго место во вселената, во подрачјата во кои би можеле да се формираат сончеви системи



