Левата дланка ни говори за наследните способности и од неа може да се „чита“ што ќе ни донесе иднината. Десната дланка покажува што сме постигнале во животот до денес.Пасивната рака се „чита“ кога гледаме наследни карактеристики и потенцијал на личноста. Активната се „чита“ кога сакаме да дознаеме нешто за промените на тие наследни особени. Ако ознаките на пасивната и активната рака се изразено различни, тоа значи дека се работи за личност која активно и напорно работела на сопствениот напредок во секој поглед.
Кај десничарите активна рака е десната, а левата пасивна. Кај левучарите обратно. Личноста со релативно мала рака се смета за активна и повеќе време поминува во контемплација за тоа што би требало да направи.
1. Линија на животот
Таа почнува помеѓу палецот и показалецот и поминува преку венериниот брег кон рачниот зглоб. Ако е долга, длабока и мазна тоа значи добро здравје и длабока старост. Прекините и разгранувањата надолу укажуват на болести и/или незгоди.
2. Линија на главата
Над линијата на животот хоризонтално поставена преку дланката. Ако е долга и длабока значи опсежна памет. Кратка и длабока: еднострана памет. Опаѓачки тек на смерот: фантазер. Насока која оди нагоре: здодевен, објективен. Заеднички почеток со линијата на животот: разумно општење со другиот пол. Почеток далеку над линијата на живот: Наклоност кон лицемерие. Мали попречни црти низ линијата на главата: склоност кон главоболка.
3. Линија на срцето
Над линијата на главата со спротивен правец (од малиот прст до показалецот). Долга, длабока, мазна: искрено чувство и милост. Крајот на линијата на срцето помеѓу показалецот и средниот прст: добар и пожртвуван. Крај на показалецот: алчен за власт. Крај на линијата зад показалецот: го посветува животот на едно единствено занимање. Колку се поблиску линијата на срцето и линијата на главата, повеќе доминира главата над чувствата.
4. Линија на судбината
Од рачниот зглоб до средниот прст. Многу длабоко врежана: пропишаната судбина го одредува животниот пат. Линијата на судбината почнува дури од средината на дланката: задоцнет успех. Линијата на судбината ја нема: својствено одреден животен пат. Прекини: лоша нарав. Цик-цак линија: несреќа, скршнување од правиот пат.
5. Линија на уметноста
Скршнува од линијата на судбината до домалиот прст. Особено изразена: уметничка надареност. Ако покрај линијата на уметноста може да се види уште една друга линија (линија на парите) личноста може да живее од својот талент. Крстчиња и квадрати на линијата укажуваат на дополнителна заработувачка. Ако изостануваат двете линии нема да има ниту слава ниту среќа.
6. Линија на Меркур
Десно покрај линијата на уметноста, под малиот прст. Една линија, долга и силна: деловна способност. Повеќе тенки линии: научни интереси. Линијата на Меркур споена со линијата на парите, или уметноста: богатство низ наука и работење.
7. Линија на здравјето
Лак под линијата на Меркур. Таа изостанува кај многумина. Ако е присутна укажува на здравствени проблеми. Често на болки во внатрешните органи.
8. Линија на среќата
Тоа се прближно четири линии околу зглобот. Ако се јасни: среќа. Ако се испрекинати: среќа, но после напорна работа. Ако изостанат: нема среќа.
9. Еротски линии
Мали линии на венериниот брег. Еден голем венерин брег укажува на изразена чувствителност и виталност. Мрежа од линии: склоност кон расправии и кратки врски.
10. Линии на успехот
Мали линии од линијата на главата до показалецот: прави линии: амбиција која води до успех. Вкрстени линии: пречки на патот до успехот. Линиите кои се сечат се посилни од линијата на успехот: неуспех на амбициозните планови.
11. Венусов круг
Лак под срдниот прст и домалиот прст. Затворен круг: разочарување во љубовта. Полуотворен круг: разочарувањето ќе биде совладано. Повеќе кругови: преголема чувствителност која го отежнува заедничкиот живот.Пасивната рака се „чита“ кога гледаме наследни карактеристики и потенцијал на личноста. Активната се „чита“ кога сакаме да



