Илјада години стар рецепт за лекување на инфекции на окото, би можел да биде одличен во борбата против супербактериите кои се отпорни на антибиотици, тврдат експертите.Научниците рекреирале англосаксонски лек од 9. век, користејќи лук, кромид и дел од желудник од крава.
Се запрепастиле од фактот дека лекот речиси целосно го елиминирал Methicilin Resistant Staphylococcus aureus (MRSA). Рецептот е пронајден во „Blad’s Leechbook“, стар англиски ракопис кој содржи упатства за разни третмани, а кој се чува во британска библиотека.
Кристина Ли од универзитетот Нотингам го превела рецептот, а научниците го направиле и го тестирале. Токму овој рецепт е еден од првите примери на нешто што би можело да се нарече медицински учебник. Изгледа дека англосаксонските лекари практикувале лекови кои се лесно достапни до сите.
Во ракописот има и некои важни лекции за модерната борба со микробите. Тестирањата покажале дека лекот убил дури 90% од бактериите на MRSA. Ли смета дека постојат многу слични средновековни книги со третмани за бактериски инфекции.
Тоа сугерира дека луѓето објавувале подетални научни студии со векови пред да се откријат бактериите.Научниците рекреирале англосаксонски лек од 9. век, користејќи лук, кромид и дел од желудник од крава.
Се запрепастиле од фактот дека лекот



