Откако пред пет години се заглавил зад ѕидот на железничката станица во главниот град на Египет, Каиро, мачорот Бисо конечно се најде на слобода.Додека бил маче, Бисо зад овој ѕид се криел од останатите поголеми мачки. Кога потпораснал, тој повторно се провлекол низ ѕидот, но бил преголем за да излезе надвор.
Заглавен помеѓу ѕидовите, преживеал благодарените на тоа што мажот кој медиумите го нарекле Абдо, го хранел и му давал вода.
Тој имал продавница во близина на железничката станица, а го хранел мачорот секој ден, па дури и во 2011 година кога поради тогашните протести биле затворени голем број продавници, па и неговата.
Како што и самиот Абдо кажал за египетските медиуми, неколку работници се обиделе да го спасат мачорот и пред неколку години, но исплашениот мачор останал зад ѕидот кој не можел да се сруши, бидејќи тоа би се сметало за уништување на јавен имот.
Приказната за мачорот Бисо и Абдо ја пренесоа медимуите која многу брзо се прошири по социјалните мрежи.
Откако приказната станала вирална, повеќе здруженија за заштита на животни и полицијата се вклучиле да го спасат мачорот. Спасувачката акција траела 5 часа и мачорот Бисо конечно ја здогледа светлината на денот.Додека бил маче, Бисо зад овој ѕид се криел од останатите поголеми мачки. Кога потпораснал, тој повторно се провлекол низ ѕидот, но бил преголем за



