Јагнето со човечки лик пристигнало на овој свет во едно малечко и сиромашно руско село, а сопственикот одлучил да го продаде на циркусот за голема сума пари.Имено, јагнето наликува на бесен старец со голем нос, а благодарение на понудата на циркусот, тоа ќе ја избегне смртта. Блазиус Лаврентиев, кој е сопственик ова необично јагне, набрзо од состојба на шок почнал да слави и тоа само поради фактот што за него добил необична цена – дури десет пати поголема од просечната вредност на јагнето.
Приказната за ова чудно јагне почнува од едно сиромашно село во југозападна Русија, каде што сега веќе гордиот сопственик цела недела чекал малечкото суштество да дојде на овој свет.
„Беше ладна зима и баш се радував што овцата ќе донесе јагне на овој свет. Помислив дека конечно ќе заработам пари. Но, се скаменив од шок. Во мене зјапаше јагне со глава на старец“, опишал изненадениот Русин.
Тој објаснил дека родителите на ова јагне се сосема нормални овци, како и дека се изненадил поради што јагнето има необичен изглед. Во меѓувреме, ветеринарите објасниле дека овцата не јадела доволно витамин А и дека затоа јагнето се родило со деформитет.
„Како и да е, моето јагне е атракција во селото и не ми е срам што е такво. Тоа е мирно и нежно“, објаснил тој.
Имено, јагнето наликува на бесен старец со голем нос, а благодарение на понудата на циркусот, тоа ќе ја избегне смртта. Блазиус Лаврентиев, кој е с


