Еден несреќен гробар го дочекало непријатно изненадување кога една жена, за која бил убеден дека е мртва, се разбудила малку да помуабети.Еден гробар сигурно помислил дека конечно започнала зомби апокалипсата, која досега ја гледал само на телевизија. „Мртва“ старица била вратена во болничкиот кревет.
Тоа било уште еден вообичаен ден за гробарот од Гелсенкирхен во Германија. Но, кога слушнал дека чкрипи капакот од мртвечкиот ковчег устата му се исушила за секунда, а веќе неколку моменти подоцна лежел на земја, без свест.
Инаку, од ковчегот се појавила главата на 92-годишна старица која го погледнала и го прашала: „Каде сум?!“.
Не добила одговор, но наскоро и нејзе ѝ станало јасно дека се кренала од мртвите. Само неколку часа претходно во домот за стари ја прогласиле за мртва. Бабата престанала да диши и по кратка постапка, завршила во мртвечки ковчег.
Кога дошол при свест, гробарот уште еднаш погледнал во ковчегот. Таму лежела старицата со отворени очи. Повикал итна помош и таа била префрлена во болница, а нејзиното семејство било известено дека таа се уште е жива.
Реагирала и полицијата, а под истрага е и персоналот на старечкиот дом, како и личноста која ја прогласила жената за мртва.Еден гробар сигурно помислил дека конечно започнала зомби апокалипсата, која досега ја гледал само на телевизија. „Мртва“ старица



