СЕДУМ најчести суеверија на кои секогаш наседнуваме!

Поголем дел од луѓето можат да се пронајдат барем во едно празноверие, за кое и во поголемиот дел од случаите не знаат од каде потекнува.Потковицата носи среќа, станувањето на лева нога носи несреќа, отворањето чадор во куќата е исто лош знак – се само некои од празноверијата кои во поголема или помала мера влијаат во начинот на живот, пренесе „Задоволна“.
Затоа, ви ги откриваме најчестите празноверија со кои се среќаваме, а кои влечат корени од религијата, митовите, но некои и од банални работи.
Петок 13-ти
-Негативните конотации врзани за бројот 13, влечат објаснувања од неколку теории. Една од нив влече корени од христијанската религија. Апостолот Јуда кој го издаде Исус, бил тринаесеттиот на последната вечера.
-Стравот од бројот 13 влече корени и од еден норвешки народен мит. Имено, 12 богови во Валхала имале вечера и забава, на која се појавил 13-тиот неповикан гостин, лошиот и расипан Локи, кој влијаел слепиот бог на темнината со стрела да го погоди прекрасниот Балдер, богот на веселбата и задоволството.
-Се верува и дека на бројот 13 му се припишуваат негативните конотации бидејќи се наоѓа зад бројот 12, кој нумеролозите го сметаат за комплетен број. Годината има 12 месеци, 12 хороскопски знаци, има 12 божества на Олимп, 12 работници на Херкул, 12 племиња на Израел, 12 Исусови апостоли.
Поради сите овие факти, влијанието на бројот 13 не е занемарливо. Некои научници тврдат дека 80% од облакодерите во светот немаат 13-ти кат, хотелите и болниците немаат соба со број 13, а голем број аеродроми немаат излез на пистите со број 13.

Истурена сол
-Старо празноверие „предупредува“ дека истурената сол е лош знак. И тој знак влече корени од Библијата. Имено, христијанската традиција вели дека Јуда на последната вечера истурил сол и тоа пред да го издаде Исус. Но, со ова празноверие се поврзуваат уште неколку теории. Во не толку далечното минато, солта била скапа и нејзиното истурање се сметало за лош чин.
-Интересно е дека како лош и непријателски знак се сметало кога на домаќинот додека ги нуди гостите, му се истури сол. Но, со истурената сол се врзува и една позитивна конотација. Имено, доколку префрлите еден прстофат сол преку левото рамо, тоа би требало да ја оттргне лошата среќа.
Скршено огледало
-Најчесто е верувањето дека скршеното огледало ќе донесе седум години лоша среќа. Постојат неколку објаснувања, а едно од нив е дека парчињата на искршеното стакло можат да заробат дел од душата. Имено, по кршењето на стаклото, се крши и дел од душата.
-Уште едно објаснување се крие зад банален факт. Имено, првите огледала биле многу скапи, а оној кој би скршил огледало морал седум години да му служи на сопственикот на огледалото за ја исплати штетата. Во некои култури се покриваат сите огледала кога ќе почине некој, за да може душата непречено да го напушти земниот свет.
Да се чукне во дрво
-Чукнувањето во дрво за среќа е уште едно празноверие. Доаѓа од паганското верување дека дрвото има душа. Паганите верувале дека кога дрвото ќе се исече, добрите духови од дрвото стануваат зли и носат лоша среќа.
-Чукнувањето во дрво ги брка лошите духови, па затоа, најчесто кога сме свесни дека нѐ чека нешто убаво – чукнуваме во дрво за да не се урочиме.

Црна мачка го пресекува патот
-Во западните култури, црните мачки одамна се сметаат за лош знак. Тие се поврзуваат со вештерките, а дури и се смета дека ќе се случи нешто лошо кога ќе го пресечат патот.
-Црната мачка која ќе го пресече патот, во христијанското верување се смета за демон кој создава пречка која го спречува влегувањето на небото. Но, во некои култури, како што се Јапонија, Ирска и Велика Британија, за црните мачки се верува дека носат среќа.
Да се вкрстат прстите
-Знакот на вкрстените прсти е уште еден облик за одбрана од зли духови. Корените за ова се нејасни, иако се чини дека ова народно верување се провлекува најчесто во христијанските земји. Имено, ако со прстите се направи христијанскиот симбол за крст, со тоа се навредуваат лошите духови кои потоа фрлаат сенка на нешто убаво што ни се случило.
-Прстите често ќе се вкрстат и кога ќе одлучиме да изговориме невистина, бидејќи веруваме дека тоа на некој начин нѐ штити од евентуалните последици од лагата.
Чешањето на левата дланка носи пари
-Верувањето дека ќе добиеме пари доколку нѐ зачеша левата дланка, или дека ќе дадеме пари доколку нѐ зачеша десната дланка, е вообичаено верување и веројатно повеќето го имаат искусено.
-Објаснувањето за ова верување не е најдено, но постои уште едно верување. Имено, постои верување дека кога ќе нѐ зачеша дланката, треба да ја почешаме со дрвен предмет и со тоа да се донесе добра среќа.Потковицата носи среќа, станувањето на лева нога носи несреќа, отворањето чадор во куќата е исто лош знак – се само некои од празноверијата к

Пронајдете не на следниве мрежи: