Се чини дека холандскиот сликар Винсент Ван Гог, сѐ уште има неоткриени тајни. Најновата е можеби откриена во неговата слика „Café terrace at night“.На наведената слика, Ван Гог, меѓу другото, насликал 12 гости помеѓу кои стои фигура со долга коса, додека еден гостин исчезнува од кафеаната, во сенките.
Сѐ досега, сликата била интерпретирана како дело кое прикажува безимени странци, но изгледа сепак тоа не е така. Одговорите ги нуди религиозното минато на Ван Гог и религиозноста на неговото семејство.
Имено, постои веројатност дека Ван Гог на сликата ја насликал својата верзија од познатата последна вечера, односно својата верзија од сликата на Леонардо да Винчи, пишува Huffington Post.
Асоцијацијата на Исус со дванаесетте апостоли е јасно видлива, иако самата сцена не сугерира на класична вечера.
Таквата алузија воопшто не би била чудна, бидејќи познатиот Холанѓанец сакал насекаде да го проповеда евангелието пред да стане сликар.
Неговиот татко Теодорус Ван Гог, бил пастор на холандската реформистичка црква, а неговиот вујко бил познат теолог кој на Винсент повеќепати се обидел да му помогне да стане проповедник, но сите тие обиди пропаднале во вода.На наведената слика, Ван Гог, меѓу другото, насликал 12 гости помеѓу кои стои фигура со долга коса, додека еден гостин исчезнува од кафеаната, во с



