ВИДЕО: Оваа челуст му припаѓала на ПРВИОТ човек кој чекорел по Земјата!

Археолозите во Етиопија пронашле фосилизирана челуст за која мислат дека му припаѓала на „првиот човек кој чекорел по Земјата“, пренесе ВВС.Фосилот го открил проф. Брајан Вилмоар од Универзитетот во Невада, кој заедно со својот тим копал на подрачјето за кое се верува дека е лулка на човечката цивилизација. Според нивните проценки, вилицата е стара 2,8 милиони години, со што генезата на човечкиот род се поместува за 400 илјади години наназад.
Вилмоар верува дека откритието ја утврдува еволуциската врска со 3,2 милиони години стариот австралопитекус Луси, чиј костур бил ископан во 1974 година.
Научниците се мачат да воспостават „почиста и појасна“ врска помеѓу луѓето и нивните мајмунолики предци, поради големата временска празнина која што постои во досега откриените фосилни остатоци од едната и другата група.
Вилмоар изјави за ВВС дека откритието дава поглед во „најважната транзиција во човековата еволуција“ и дека би можело да се реши едно од клучните прашања во тој процес – што ги натерало нашите предци да се спуштат од стеблата и да почнат да ги градат населбите на тлото.

„Фосилниот остаток е левата страна од долната челуст и сочувани се пет заби. Катникот е помал од оние кои ги имале останатите хоминиди во подрачјето, што е една од особините која ги разликува луѓето од нивните примитивни предци“, вели проф. Вилијам Кимбел, директор на Институтот за потеклото на човекот при универзитетот во Аризона.
Претходниот најстар фосил му е припишан на родот Хомо и претставува горна челуст од Хадар во Етиопија, кој е стар 2,35 милиони години.
„Ова откритие ја поместува човековата линија за 400 илијади години и многу е поблиско до неговиот (претчовечки) предок. Комбинацијата на примитивното и напредното меѓу забите во оваа челуст, дава добар транзициски облик од Луси до подоцнежните луѓе“, изјавил проф. Крис Стрингер од Националниот музеј во Лондон.
Меѓутоа, само половината челуст, без останатиот дел од костурот, не е доволен доказ дека со сигурност може да се тврди дека станува збор за „првиот човек“.
Фосилот го открил проф. Брајан Вилмоар од Универзитетот во Невада, кој заедно со својот тим копал на подрачјето за кое се верува дека е лулка на чо

Пронајдете не на следниве мрежи: