„Она во што најмногу грешиме и што би сакал да го сменам е агресивноста кај луѓето. Поради неа можеби бевме во предност во пештерското време, таа ни обезбедувала победа во трката по храна, место за криење и партнер, но денеска сериозно ни се заканува со уништување“, смета Хокинг.Тој додаде дека нуклеарната војна би можела да го означи крајот на една цивилизација, а можно е и на човечката раса. Тој додаде и дека иднината на човечката раса се наоѓа надвор од границите на Земјата.
„Верувам дека долгорочната иднина на човечката раса мора да биде во вселената, а со колонизирањето на други планети ќе осигура и егзистенција на луѓето и животот“, појасни познатиот физичар и додаде дека заминувањето на Месечината ја смени иднината на луѓето на начин на кој ни самите не сме свесни.
„Тоа не успеа да ги реши проблемите кои ги имаме на Земјата, но ни даде нови перспективи за нив и како да ги гледаме нештата од друг агол“, рече Хокинг, според чија животна приказна е снимен филм. Актерот кој го глумеше неговиот лик Еди Редмејн, доби Оскар за најдобра машка улога.
Стивен Хокинг го изрази своето воодушевување со младиот Британец и му пружи поддршка на Фејсбук: „Му честитам на Еди Редмејн на освојувањето на Оскарот за толкувањето на мојот лик во филмот Теорија на сѐ. Горд сум на тебе. СХ“.Тој додаде дека нуклеарната војна би можела да го означи крајот на една цивилизација, а можно е и на човечката раса. Тој додаде и дека иднината на



