Жешкиот филм „50 нијанси на сиво“ стана глобален хит, но една бабичка не била импресионирана од впечатоците кои нејзината внука ѝ ги раскажала за него.Ова видео ги покажува смешните моменти кога на една баба ѝ се опишува дејството во филмот „50 нијанси на сиво“.
Со Џејми Дорнан и Дакота Џонсон во главните улоги, овој филм беше премиерно прикажан за Денот на вљубените, но оваа бабичка од Белфаст не беше воодушевена откако слушнала за што станува збор во филмот, пренесе Irish Mirror.
Видеото беше објавено со описот: „Баба ми држеше маче во близина кога се обидував да ѝ раскажам за што се работи во филмот“.
Урнебесниот момент е кога бабичката вика: „Ти си болна“, негирајќи дека такви работи се случувале во нејзината младост.
Оваа смешна бабичка воопшто не била среќна од фактот што нејзината внука го гледала филмот, за кој таа смета дека од него може да „собере“ неколку трикови за лична употреба и додала: „Реквизити? По ѓаволите, за што се потребни тие?“
Погледнете го видеото и дозволете оваа бабичка да ви го разубави денот:
Ова видео ги покажува смешните моменти кога на една баба ѝ се опишува дејството во филмот „50 нијанси на сиво“.
Со Џејми Дорнан



