Facebook наскоро ќе го прослави својот 10-ти роденден. Од TheFacebook, кој требаше да биде мрежа за поврзување на студенти, стана глобално позната мрежа која брои преку 1,3 милијарди корисници.Марк Закерберг ја создаде оваа најпопуларна социјална мрежа на 4 февруари 2004 година, заедно со колегите и тоа во една малечка студентска соба.
Со оглед на тоа дека сите тие корисници во десетгодишното постоење на мрежата објавиле голем број фотографии, статуси, видеа, играле илјадници игри и кликнале којзнае колку лајкови, Time се досети и направи апликација која ќе пресмета колку недели, месеци или години имате потрошено на оваа социјална мрежа.
Сепак, не грижете се ако вашиот резултат покаже дека на Facebook сте поминале половина година или повеќе, бидејќи истражувањата покажуваат дека „губењето време“ на Facebook е добро за кариерата.
Тестот можете да го направите на следниот ЛИНК, а во меѓувреме погледнете како некогаш изгледала оваа популарна социјална мрежа:
Марк Закерберг ја создаде оваа најпопуларна социјална мрежа на 4 февруари 2004 година, заедно со колегите и тоа во една малечка студентска соба.



