Британски 26-годишен дечко со авантуристички дух, одлучил од корен да го смени својот живот. Прво дал отказ, за 3.000 евра купил комбе, го претворил во еднособен стан со тоалет и патува по светот.Мајк Хадсон направи нешто за кое сонуваат сите оние кои се заситени од својата работа и кои сакаат нешто повеќе од животот.
Тој дал отказ, за 3.000 евра купил комбе, го претворил во еднособен стан со тоалет и патува по светот.
Работата на комбето траела четири месеци, но потоа Мајк имал дом на тркала и беше подготвен да го покори светот.
„Во текот на денот работев во канцеларија и на сајтови, а навечер го правев комбето“, рече Мајк и објасни како му текнала оваа идеја.
„Живеев во Шефилд и навистина го сакам тој град. Имам одлични пријатели во Англија, со кои го изнајмив станот во кој живеев. Имав автомобил и добра работа. Меѓутоа, гледајќи наназад, бев несреќен. Се чувствував заробен и помислив дали е тоа тоа? Не смеам да допуштам таков да стане мојот живот. Сакав да доживеам нешто ново. Се досадував и во главата имав сон од кој никако не можев да се ослободам“, објаснува Мајк.
Мајк им го открил својот план на колегите и одлучи да ја напушти Велика Британија. Дневно преживува со само 12 евра, а трошоците за гориво ги дели со автостоперите.
Заработува пари на блогови, каде што воедно ги поттикнува луѓето на сличен живот, а му се случува да заработи пари и као уличен забавувач.
Мајк Хадсон направи нешто за кое сонуваат сите оние кои се заситени од својата работа и кои сакаат нешто повеќе од животот.
Тој дал отказ,



