БИЗАРНО: Како Вини Пу стана непожелна личност на едно детско игралиште?

Милото лице на мечето Вини Пу е забрането на едно детско игралиште во Полска, поради „неопределената сексуалност“ и „несоодветната облека“, пишува The Independent.Популарниот цртан јунак бил даден како предлог за маскота за новоизградено игралиште во полскиот град Тужин.
Но, Вини набрзо предизвика жестока расправија помеѓу присутните, а еден конзервативен парламентарец го опиша мечето дека личи на хермафродит.
– Проблемот е во тоа што мечето не е целосно облечено, изјави Ришард Цичи.
– Тој е полугол, што не е прикладно за мали деца. Нашите полски мечиња се облечени од глава до пети. За разлика од Вини, кој има само маица.
Целата расправа беше снимана од страна на еден парламентарец, а снимката дополнително им била пратена на полските медиуми.
Конечно се слушна и гласот на разумот на еден неименуван член на парламентот, кој го бранел мечето со тврдењето дека „не носи долна облека, бидејќи сексот не постои во неговиот свет“, но наишол на неодобрување од страна на припадничката на конзервативците, Хана Јашимска.
На крајот од долготрајната и прилично банална дебата, сѐ уште не е одлучено чиј лик ќе го краси новото детско игралиште.
Но, едно е сигурно – тоа нема да биде „несоодветно облечениот хермафродит“, Вини Пу.Популарниот цртан јунак бил даден како предлог за маскота за новоизградено игралиште во полскиот град Тужин.
Но, Вини набрзо предизвика жес

Пронајдете не на следниве мрежи: