Научници расекле мамут стар 40.000 години и откриле нешто неверојатно

Последниот млакнест мамут живеел на Земјата пред 4.500 години. Мамутите изумреле на крајот на послдното ледено доба.Научниците откриле влакнест мамут во исушените реки и езера ширум земјината топка, но воглавно тоа биле делови од исушени коски или фосили. Само ретки остатоци имаат сочувани ткива, како кожа, месо и органи.
Се уште не е утврдено што довело до изумрување на овие животни, но откривањето на неверојатно зачуваните остатоци на женка мамут во 2013 година, овозможило нови сознанија за овие чудесни суштества кои се претставени во документарниот филм „Како да се клонира влакнест мамут“.
Експертите дискутират и за оживување на овие неверојатни суштества – идаја која предизвика многу контроверзии.
Заробениот мамут жив го изеле волци
Кога група научници слушнала дека во мразот на еден остров на северен Сибир биле откриени остатоци на одамна изумрените цицачи, побрзале на лице место и самите да се уверат во тоа. Единствениот доказ кој го затекле биле делови од џиновските рогови кои се гледале во мразот.
Во текот на следните три дена, мразот околу телото на мамутот полека се стопил и научниците сфатиле дека се на прагот до значајно откритие. Изненадувачки добро зачуваните коски, мускули, заби, па дури и остатоци од крв им пружиле значајни информации за џиновскиот ѕвер кој крстарел по ледените тундри пред околу 40.000 години.
Кога го „ископале“ животното, темна црвена крв потекла од нејзиното тело. Три нозе, најголем дел од телото, вклучувајќи и дел од главата и трупот  биле недопрени. Гребаниците на коските откриваат дека животното умрело во маки: заробена во мочуриште, жива ја изеле волци.
Со методата на карбонско датирање научниците утврдиле дека мамутот живеел пред околу 40.000 години. Предците на ова животно се јавиле за прв пат перед околу пет милиони години, а изумреле пред 4.500 години, кога Земјата почнала да се загрева. На основа на големината на забите, научниците заклучиле дека овој мамут имал околу 50 години и дека би можел да живее уште најмалку 15 години.
Ја анализирале крвта, во која повеќе немало крвни клетки, но хемоглобинот се уште бил зачуван, а се покажало дека се работи за посебен вид на хемоглобин кој овозможувал крвта да им циркулира на многу ниски температури.

Дилема: Да се клонира мамутот или не?
Биологот Тори Хериџ од музејот во Лондон помогнала во анализата. Утврдено е дека мамутот бил висок два метри и тежок околу 4,5 тони. Имал прилично голем јазик, кој, покрај забите, го користел за преживање на тревата и дивите растенија со високо ниво на протеини. Научниците веруваат дека исчезнувањето на овие билки пред 10 -15 илјади години делумно влијаело на изумирањето на мамутите.
Некои научници, вклучувајќи го и биологот Хванг од биоистражувачкиот центар SOOAM, се надеваат дека ДНК која ја пронашле ќе биде доволна за да ја клонираат женката мамут. Тори Хоџ, меѓутоа, спаѓа во оние кои не се воодушевени од идејата и се поставува прашање кој ќе биде одговорен за клонираниот мамут.
Хванг кој клонира кучиња во својата лабораторија во Јужна Кореја( главно по нарачка на богатите Американци, кои сакаат да имаат копија на починатото милениче), се надева дека со примена на приближно истата техника ќе успе да создаде жив влакнест мамут.
Тој ќе земе една клетка од кожата или мускулите на мамутот и ќе ја уфрли во јајцеклетка без ДНК, која ќе ја уможи со електрошокови. Нова група клетки ќе биде имплементирана во утробата на сурогат мајка, најверојатно слоница. И така ќе се добие бебе влакнест мамут!
 
Научниците откриле влакнест мамут во исушените реки и езера ширум земјината топка, но воглавно тоа биле делови од исушени коски или фосили. Само ре

Пронајдете не на следниве мрежи: