Зошто водата на Земјата е постара од Сонцето, иако Сонцето е постаро од Земјата?

Со оглед на тоа дека водата е една од клучните состојки за постоење на животот на Земјата, не е чудо што научниците сакаат да дознаат како таа се создала на нашата планета.Една од теориите е дека водата во нашиот Сончев систем настанала на хемиска основа која му е слична на Сонцето. Ако е така, тогаш водата може да има заеднички црти со одредени ѕвезди кои се обликуваат на определен начин. Но, едно истражување, кое деновиве беше објавено во списанието Science, укажува на тоа дека барем нешто од Земјината вода всушност постоело и пред појавата на Сонцето и дека таа дошла од вселенскиот простор.
Тоа е дефинитивно нешто за што вреди да се размисли следниот пат кога ќе испиете чаша вода. Но, откритието е интересно и поради тоа што значи дека водата, а можеби и животот, се сеприсутни во целата галаксија.
„Ако водата во раниот Сончев систем првенствено настанала од мразот во вселената, тогаш тој мраз, заедно со сличната пребиотска органска материја, се распространети долж сите протопланетарни дискови околу ѕвездите што настануваат“, изјави авторот на истражувањето, Конел Александер.
Заклучокот дека значително количество од водата на Земјата пристигнало од меѓуѕвездениот простор, научниците го добиле од набљудувањето на односот помеѓу количеството на водород и деутериум.
Деутериумот е како потежок брат на водородот. И двата атоми имаат по еден протон во јадрото, но деутериумот има дополнителен неутрон кој се формира при специфични услови. На пример, во меѓуѕвездениот простор, замрзнатата вода содржи многу повеќе деутериум поради ниските температури и присуството на јонизирачкото зрачење. Водата на Земјата содржи нешто помалку деутериум – 30 пати помало количество од меѓуѕвездената вода.
Испитувањето на односот помеѓу водородот и деутериумот во еден примерок на вода, може да ни каже какви биле условите во кои таа вода се создавала. Научниците не биле сигурни дали Земјиниот деутериум дошол од вселената, или пак е еден од материите кои настанале при раѓањето на Сонцето.
За да дознаат, научниците употребиле математички модел за да извршат виртуелна реконструкција на протопланетарниот диск на младиот Сончев систем – облак околу штотуку роденото Сонце. Врз основа на тогашните услови, тие открилe дека во младиот Сончев систем, тогаш не бил возможен односот помеѓу водородот и деутериумот кој денес го среќаваме во океаните и на кометите. Поради тоа, истражувачите процениле дека некое количество на вода (помеѓу 7-50%), морало да дојде од меѓуѕвездениот простор од кој настануваат соларните системи.
Бидејќи и останатите соларни системи се формирале од иста материја, откритијата посочуваат дека потеклото на водата на Земјата не е единствено и дека течноста која ја гаси жедта и супстанцата која го поттикнува создавањето на животот, можеби е заедничка црта за сите егзопланети во галаксијата.Една од теориите е дека водата во нашиот Сончев систем настанала на хемиска основа која му е слична на Сонцето. Ако е така, тогаш

Пронајдете не на следниве мрежи: